Американската армија во Владивосток
Првата и единствена воена интервенција на САД на територијата на Русија започнала на 27 мај 1918 година, кога во Мурманск, кој веќе се наоѓал под контрола на Британците, стасал американскиот крстосувач „Олимпија“. Неколку месеци подоцна во северниот руски град Архангељск излегле пет и пол илјади американски војници. Уште осум илјади отприлика во истото време се појавиле на Далечниот исток.
Американци во Аргангељск, септември 1918
Јавна сопственостМасовната интервенција на САД и на земјите од Антантата во Граѓанската војна во Русија првобитно воопшто немала врска со омразата кон болшевиците. Главната причина била тоа што на 3 март 1918 година во Брест советската власт склопила мир со Германците, кој значел излегување на земјата од војна и фактички исчезнување на Источниот фронт. Германската империја сега целата преостаната сила можела да ја насочи кон Франција, што на сојузниците им гарантирало големи проблеми. Притоа Антантата во болшевиците не гледала реална сила која би можела подолго да се задржи на власт. Таа ги доживувала само како германски марионети, штитеници на кајзерот кои дејствуваат во негов интерес.
На официјално ниво беше соопштено дека главната задача на војниците на САД ќе биде заштита на американските воени испораки што ѝ беа испорачани на Русија пред револуцијата, а кои сè уште не беа во рацете на болшевиците. Вашингтон наводно се плашел дека тие би можеле да им го предадат на Германците. Освен тоа, требаше да се даде помош на таканаречениот Чехословачки корпус (легион) во намерата да ја напушти руската територија. Корпусот во октомври 1917 година го формираше руската воена команда од заробени Чеси и Словаци кои изразиле желба да се борат против Германија и Австро-унгарија, а формално беше под француска команда. Легионерите требаше да бидат евакуирани на Западниот фронт преку пристаништата на Далечниот исток. Меѓутоа, пролетта 1918 година за време на обидот на болшевиците да ги разоружат, тие кренаа востание и под контрола зедоа значајни области во Сибир.
Чехословачка војска во Иркутск
Јавна сопственостСАД јавно објавија дека тие немаат намера да „го нарушуваат политичкиот суверенитет на Русија, да се меша во нејзините внатрешни работи или да го загрозат нејзиниот територијален интегритет, ниту сега, ниту кога било во иднина“. Но, во реалност, нивниот воен контингент требаше да обезбеди победата на Белогардејското движење, кој ветуваше дека ќе продолжи војната против Германците. Но, нити САД, ниту други држави-ученички не планирале интервенции за на туѓа земја да обезбеди победа на Белогардејското движење, кое ветувало дека ќе продолжи војната против Германците. Но, ниту САД, ниту другите држави-учеснички во интервенцијата не планирале на туѓа земја да губат луѓе, ниту имале наредба да учествуваат во операции и стасале со сосема неопределени задачи“, пишува со незадоволство Иван Сукин, министер за надворешни работи во владата на лидерот на Белогардејското движење на истокот од земјата Александар Колчак.
Американци маршираат во Хабаровск.
Јавна сопственостЕкспедицискиот корпус „Сибир“ (осум илјади војници) на генерал-мајорот Вилијам Грејвс доби задача да ги заштити деловите на Транссибирската железничка магистрала и рудникот за јаглен во Сучан (денес градот Партизанск). Формално тој се наоѓал под команда на францускиот генерал Морис Жанен, кој бил главен заповедник на сојузничките интервентни сили на Далечниот исток. Тука Американците воопшто не ги интересирале чешките легионери, како што било прокламирано, ами нивните сојузници во интервенцијата, Јапонците. Со оглед на тоа дека како членка на Антантата испратила над 70 илјади свои војници во рускиот приморски регион, Јапонија играла своја игра, речиси отворено сакајќи да ја припои оваа територија. Тоа предизвикало страв кај неговиот тихоокеански ривал кој го користел корпусот „Сибир“ како фактот за зауздување на јапонскиот експанзионизам. Помеѓу Американците и јапонските сили, како и белогардејските козачки атамани кои им биле потчинети, воспоставен е неутрално непријателски однос. Често доаѓало и до судири. На пример, Грејвс отворено го нарекувал атаманот Иван Калмиков „убиец, разбојник и бандит“, „најодвратен ништожник“ што некогаш го сретнал.
Вагон на американскиот Црвен крст во Хабаровск
Јавна сопственостОдносите помеѓу американските сили и локалните комунистички партизански одреди се движеле од меѓусебно избегнување до жестоки судири. Најсериозниот конфликт помеѓу нив се случил во селото Романовка на 24 јуни 1919 година, кога во борба со одредот на Григориј Шевченко Американците претрпеле загуба од 19 убиени и 27 ранети војници. Одговорот бил антипартизанска операција во која болшевиците биле потиснати во длабочината на тајгата.
Американски војници им делат храна на заробениците, јануари 1919 година
Јавна сопственостВо Советскиот Сојуз обично се сметало дека американските интервентни сили активно учествувале во масовни убиства на локалното цивилно население. Како што објавил весникот „Забајкалски рабочиј“ на 10 јуни 1952 година, белогардејците и Американците на 1 јули 1919 година во Татарскиот теснец стрелале 1.600 советски државјани. „Труповите на оние кои се обидоа да се спасат со бегство неколку дена лежеа покрај самата гробница. Лекарот од американскиот Црвен крст три дена не дозволуваше телата на измачените луѓе да се закопаат“, ја цитира весникот изјавата на Бољшухин, очевидец на овој колеж. Денес, меѓутоа, учеството на американските сили во масовниот терор се доведува во прашање, иако се случувале определени настани на воени злосторства против цивили.
Американски војни и убиен болшевик
Јавна сопственостГлавната улога во интервенцијата на САД на рускиот север, позната како експедиција „Бела мечка“, ја има одиграно 339 полк на полковникот Џорџ Стјуарт. Полкот бил составен од војници на северната држава Мичиген. Со оглед на тоа дека дома биле навикнати на студенило, се очекувало дека тие брзо ќе се навикнат на суровите климатски услови во Мурманск и во Архангељск. Врховната команда над американските војници (пет и пол илјади лица) ја држеле Британците, чии сили во регионот биле повеќекратно побројни.
Капетан на американската армија со трофејна болшевичка сабја
Јавна сопственостЗа разлика од ситуацијата на Далечниот исток, на рускиот север Американците морале поприлично да војуваат против болшевиците. Додека „сибирците“ на Грејвс се наоѓале во длабока заднина армијата на Колчаков, „белите мечки“ влегувале во директни судири не само со партизанските одреди, ами и со регуларните единици на Црвената армија. Во текот на офанзивата на 6 армија кај Шенкурск во јануари 1919 година околу 500 американски војници биле опколени. Откако изгубиле 25 лица, како и артилерија, опрема и муниција, успеале да се пробијат само благодарение на офицерите на Белото движење, кои добро го познавале овој терен.
Гробови на американски војници во Русија
Јавна сопственостПримирјето со Германците кое било договорено во ноември 1918 година, а потоа и мировниот договор потпишан во јуни 1919 година, го покренале прашањето дали има смисла американските сили и понатаму да останат во Русија. „Во што се состои политиката на нашата земја кон Русија?“, се прашувал сенаторот Хирам Џонсон во својот говор од 12 декември 1918 година: „Не знам во што се состои таа и не знам ниту еден човек кој би го знаел тоа“. Командата, сепак, не брзала со евакуација. На групата војници од 339 полк која во март 1919 година поднела петиција за враќање дома им се заканиле со воен суд.
Американски воен инженер на територијата на Русија.
Јавна сопственостКога кон крајот на 1919 година Белогардејското движење на северот и на истокот на Русија било поразено, присуството на американските сили изгубило секаква смисла. Последните војници ја напуштиле Русија во април 1920 година. Во текот на целиот период на интервенцијата корпусот „Сибир“ и „белите мечки“ изгубиле 523 војника, што во борби, што од болест, смрзнување и како последица на несреќни случаи. Поручникот на 339 полк Џон Кулехи во својата книга „Архангељск“ напишал: „Кога последниот баталјон отплови од Архангељск, ниту еден војник не можеше да сфати, дури ни приближно, зошто се борел или зошто сега се враќа дома, а така многу негови другари останале таму, под дрвените крстови“.
Американски војници чекаат бродови кои ќе ги вратат дома, лето 1919 година.
Јавна сопственостПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче