Тоа беше „авион-проектил“. Работата на него е започната во 1948 година во Специјалното биро број 1 (СБ-1) на Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД). Идниот ракетен систем беше иновативен проект за СССР во тоа време, а како основа послужи дипломската работа на Сергеј Берија, син на прочуениот Лаврентиј Берија. Имено, на 23-годишниот Сергеј му беше доверено местото заменик-началник на бирото, а за раководител и главен конструктор беше именуван докторот на технички науки Павел Николаевич Кусенко.
Во првите фази од работата на СБ-1 ангажирани беа и германски стручњаци. Некои од нив беа воени заробеници, а некои доброволно се имаа преселено во Советскиот Сојуз. Постоеше и „специјален контингент“, односно затвореници меѓу кои, на пример, беше познатиот математичар и дописен член на Академијата на науките на СССР Николај Кошљаков.
Конструкторите имаа задача да направат „авион-проектил“ врз база на ракети 10Х и 14Х кои беа конструирани во Конструкторското биро на Владимир Челомеј. Патем речено, конструирањето на „Комета“ се одвиваше на необичен начин. Најпрво беше осмислен системот за управување, па дури потоа беа избирани варијантите ракети кои одговараа на овој систем.
Во ноември 1949 година беше претставен нацртот на авионот-проектил. Однадвор личеше на намалена копија на ловецот МиГ-15, со тоа што на местото на пилотската кабина имаше оддел со апаратура на систем за управување и фугасно-кумулативна боева глава. На оваа верзија на „Комета“ беа монтирани турбомлазни мотори РД-500К.
Со цел да се забрза тестирањето на тогашното најмодерно оружје, направени беа четири пробни модели со кои управуваше пилот, односно со пилотска кабина наместо со боева глава. Авионот-проектил развиваше необично големa брзина за тоа време. На висина од три километри „Комета“ леташе 1.060 километри на час, а атерираше со брзина од 270-290 километри на час.
Одлучено беше ракетата да ја носи авионот Ту-4. „Комета“ беше тестирана во близина на брегот на Крим, помеѓу Керч и Федосија.
Првиот лет беше изведен на 4 јануари 1951 година. Во пилотската кабина беше легендарниот пробен пилот и двократен Херој на Советскиот Сојуз Амет-Хан Султан. Група од четири пилоти изведоа вкупно околу 150 пилотирани летови на авионот-проектил.
Главното тестирање беше планирано за ноември 1952 година. „Комета“ се одвои од носачот и се насочи кон крстосувачот „Црвен Кавказ“. Никој немаше намера да го потопи скапоцениот брод, и затоа ракетата имаше боева глава без експлозивно полнење. Бродот беше на оддалеченост од 20 километри од брегот. „Комета“ се одвои од авионот-носач на оддалеченост од 80-95 километри од целта.
Крстосувачот „Црвен Кавказ“
Public domainРезултатот од испукувањето ги надмина очекувањата на конструкторот. Авионот-проектил тежок два тони удри во целта со брзина на звукот и целосно го проби бродот. Боевата глава експлодираше иако немаше експлозивно полнење и буквално го пресече бродот на две половини.
Сè уште не се знае дали во таа пригода е пробиен оклопот на „Црвен Кавказ“ дебел 100 милиметри, но факт е дека бродот со депласман од над 7.000 тони потона 12 минути по експлозијата.
Подоцна Сергеј Берија ги спореди првите тестирања на атомската бомба, на кои беше сведок, со дејството на оваа ракета: „Впечатокот е секако моќен, но не е потресен. Мене, да кажеме, многу поголем впечаток ми остави тестирањето на нашиот проектил кој буквално го дупна 'Црвен Кавказ'. Влезе од едната, а излезе од другата страна на бродот“.
Системот „Комета“ официјално беше воведен во експлоатација во 1953 година. Една година подоцна беше решено врз неговата база да се направат уште две модификации – бродски систем за крстосувачот проект 67 и крајбрежниот систем „Стрела“. Од првата модификација се откажаа кога беше направен пробниот примерок, а за другата набргу потоа беше започнато производство на ракетен систем со подземно базирање, прв од таков вид во светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче