МиГ-21 беше најпопуларен советски ловец на Куба. На овој карипски остров во служба имаше неколку модификации на овој авион: МиГ-21Ф-13, ПФ, ПФМ, ПФМА, меѓу другите. Првата единица на СССР која ги доби авионите МиГ-21 беше првиот гардиски полк во 1961 година. Во јуни 1962 година полкот доби наредба да се префрли на Куба. Поради тоа полкот го промени името во 213 гардиски ловечки полк, наведува порталот airwar.ru. Кон крајот на септември полкот беше подготвен, а имаше вкупно 40 авиони МиГ-21, 6 МиГ-15 УТИ и еден Јак-12.
На почетокот сите авиони ги носеа боите на Куба, а откако при пресретнување на радиска комуникација ги слушнаа Американците како зборуваат за „МиГ-ови со црвени ѕвезди“, сите авиони итно беа пребоени во боите на кубанското воздухопловство. Првиот лет на советските пилоти во авионот МиГ-21 беше изведен на 18 септември 1962 година. На 22 октомври беше прогласена состојба на подготвеност и полкот беше распореден на неколку полетни места меѓу Сан Антонио, Санта Клара и Камагвеј.
Единственото соочување на ловецот МиГ-21 со Американците се случи на 4 ноември. Советски пилот пресретна два борбени авиони Ф-104Ц кој изведуваше извидувачки лет во близина на воздухопловната база Санта Клара. Меѓутоа, Американците одлучија да не влегуваат во судир.
Улогата на ловецот МиГ-21 не беше ограничена само на ракетната криза. По тој судир советското раководство сметаше дека е подобро да ги остави авионите на Карибите, па набргу започна обука на кубански пилоти. Веќе во април 1963 година беше обучен првиот Кубанец, а на 10 август 1963 година службено е најавено основање на ескадрила вооружена со авиони МиГ-21Ф-13.
Од своја страна кубанските пилоти им даваа совети на колегите во неколку земји и разменуваа искуства. Таков беше случајот со Виетнам и со Перу.
Еден кубански МиГ-21 на 21 февруари 1968 година падна во морето додека со мала брзина маневрираше во близина на авион кој го нарушуваше воздушниот простор на земјата.
Неколку авиони МиГ-21 на 18 мај 1970 година како одговор на апсењето на 14 кубански рибари од страна на бахамските власти, полета и прелета со надзвучна брзина над бахамската престолнина Насауа. Рибарите набргу беа пуштени. На барање на владата на Бахамите се појавија неколку северноамерикански Ф-4 Фантом кои летаа заедно со ловците МиГ-21, но судирот беше решен без поголеми последици.
Ескадрилата на МиГ-21МФ со која командуваше Рафаел дел Пино на 10 септември 1977 година изведе показен лет над пристаништето Пуерто Плата (Доминиканска Република). Тоа беше одговор на задржувањето на кубанскиот трговски брод „Капитан Лео“ кој патуваше за Ангола и носеше оружје. Истовремено командата на кубанското Воено воздухопловство го разви оперативниот плам „Пико“, според кој МиГ-овите со бомби и со ракети би тргнале во напад на градовите Пуерто Плата и Сантијаго де лос Кабалерос доколку Доминиканците не го ослободат бродот. Ловците МиГ-21 неколку пати го прелетаа Санто Доминго, пробивајќи го звучниот ѕид во низок лет. Куба се закани со бомбардирање на Пуерто Плата и Сантијаго де лос Кабалерос доколку доминиканската влада не го ослободи бродот. Доминиканците попуштија под притисокот.
Во текот на својата мисија во Етиопија во 1978 година пилотите на ескадрилата авиони МиГ-21бис и неколку авиони МиГ-21Р изведоа над стотина борбени задачи, уништувајќи голем број сомалиски тенкови и артилериски положби. Неколку МиГ-ови беа соборени, а најмалку еден пилот загина.
Кубански МиГ-21бис
военное обозрениеНа 10 мај 1980 година два авиони МиГ-21 го нападнаа доминиканскиот патролен брод Фламинго кој запре четири рибарски брода. Кубанската влада нападот го прогласи за грешка и, со извинување, плати парична отштета.
МиГ-21 активно е користен на Куба за задачи за извидување, а меѓу пилотите имаше и смртни случаи. На пример, еден кубански пилот кој на 21 февруари 1982 година при мала брзина маневрираше над вода и не успеа да ја задржи контролата над ловецот, па го изгуби животот.
Кубанските МиГ-ови исто така учествуваа во заеднички вежби со советските вооружени сили. Така кубанските пилоти вежбаа непријателско пресретнување на „непријателските“ воздушни цели чија улога ја играа шпионски авиони Ту-95 кои извршуваа „напад“ на поморски цели. Во тоа време советското воено присуство во регионот не беше безначајно.
Во 1994 година СССР одлучи на Никарагва да ѝ продаде една ескадрила авиони МиГ-21бис. За нивниот прием беше подготвена воздухопловната база Пуента Хуете, а никарагванските пилоти беа обучени за користење и за одржување на овие авиони. Но, американската влада силно се спротивстави на оваа набавка, па Куба понуди авионите да се истоварат на нејзините бази за дополнително да одлетаат за Никарагва.
Во 1985 година со цел да избегне судир со Соединетите Американски Држави Горбачов одлучи МиГ-овите да ги замени со хеликоптери Ми-25.
МиГ-21 во лет над Флорида.
военное обозрениеДва ловци МиГ-21 во 1986 година пресретнаа авион ХУ-25А Гардијан на американската крајбрежна стража поради наводно нарушување на воздушниот простор на Куба за 12 наутички милји. Во 1990 година еден американски пилот се обиде да го скрати летот од Опа-лока за Костарика, прелетувајќи ја Куба во својата Цесна. Го пресретнаа два авиона МиГ-21, па мораше да слета во Хавана.
МиГ-овите исто така учествуваа во чувствителни операции како што се придружбата на авионите на Кастро за време на неговите бројни посети на земјите од Средна и од Јужна Америка. Меѓутоа, се прославија во декември 1975 година кога Кастро одучи да му даде помош на својот анголски пријател Едуардо дос Сантос.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче