Како Русија во 1995 година за влакно избегна да започне нуклеарна војна

Getty Images; Russia beyond
Инцидентот со норвешката метеоролошка ракета до денеше ден остана единствениот случај кога рускиот претседател го активираше своето нуклеарно куферче.

На дваесет и петти јануари 1995 година на светот сериозно му се закани судниот ден. Руската Федерација се подготвуваше да нанесе нуклеарен удар врз Соединетите Американски Држави. Се обидовме да откриеме како дојде до тоа двете земји кои зад себе ја оставија Студената војна и кои само што ги нормализираа меѓусебните односи да се најдат на работ на заемно уништување.

Почеток на војна?

Инаку, кризата ја предвиде најобична норвешка метеоролошка ракета. Нејзиното лансирање од малиот остров Анеј во седум часот изутрина по локално време (во 10 часот по московско) во насока на Шпицберген предизвика поместувања во Русија.

Опремена со научна апаратура за проучување на северната светлина, Black Brant XII по големина потсетуваше на американските балистички ракети Trident D-5 кои носеа нуклеарно полнење и кои беа наменети за лансирање од подморница. Покрај тоа ракетата леташе по патека по која, како што сметаа во Министерството за одбрана на Русија, американските ракети би патувале во случај на нуклеарна војна.

Black Brant XII

Во декември 1994 година Норвешка извести 28 држави, вклучувајќи ја и Русија за планираното лансирање, но без да го наведе точниот датум, ами само периодот од 15 јануари до 10 февруари следната година. Од бирократски причини информацијата не стаса до рускиот Систем за рано предупредување за ракетни напади кој и крена паника.

Решавачки моменти

Во Кремљ на вонреден состанок беше повикано највисокото политичко и воено раководство на земјата. Беа активирани трите терминали за управување со стратешки ракетни сили, таканаречените нуклеарни куферчиња, кај министерот за одбрана Павел Грачов, кај началникот на Генералштабот Павел Колесников и кај претседателот на Руската Федерација Борис Елцин (во својство на врховен командант).

Војската сметаше дека осамената ракета би можела да биде лансирана поради создавање електромагнетен импулс кој би ги онеспособил руските радари и системите за врска. А, потоа може да се очекува масивен удар.

Во текот на неколку затегнати минути колку што раководителите го следеа летот на ракетата се одлучуваше дали Русија ќе изврши нуклеарен удар врз Соединетите Американски Држави. Денес малку се знае за тоа што рекол тогаш Елцин и дека тоа можеле да бидат најопасните моменти во целокупната историја на нуклеарната епоха, напиша три години по инцидентот новинарот на американското гласило „Washington Post“ Дејвид Хофман: „Тие недвосмислено даваат на знаење дека системот за нуклеарна борбена подготвеност од времето на Студената војна и понатаму е активен, како и колку катастрофални можат да бидат неговите последици, без оглед на тоа што непријателството помеѓу двете сили е завршено“.

Претседателот на Руската Федерација Борис Елцин и министерот за одбрана Павел Грачов.

Ситуацијата се смири дури откако стана јасно дека ракетата заминала во правец на Шпицберген (во чија близина и падна во океанот). Нуклеарните куферчиња беа деактивирани.

За инцидентот со доведување на Стратешките нуклеарни сили на Русија во состојба на борбена подготвеност наскоро дозна целиот свет, збунувајќи го раководството на Соединетите Американски Држави. Кога по четири години Норвежаните повторно се подготвуваа да го лансираат Black Brant XII и тоа му го соопштија на руското Министерство за надворешни работи, Американците и покрај тоа по своите канали дополнително ги предупредија сите клучни воени ресори на Русија. Затоа овој пат сè мина без непријатни изненадувања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња