„Своевремено во операцијата на НТР е набавен комплетот технички цртежи, описи и упатства за користење на авионот В-29, чие детално проучување придонесе за тоа конструкторското биро „Туполев“ во најкраток рок да проектира домашен стратешки бомбардер“, напиша Наришкин во авторскиот текст за списанието „Национална одбрана“ (Национальная оборона).
Тој потсети дека САД, користејќи ја наводната неранливост на својата стратешка авијација, со цел вршење психички притисок во повоениот период, редовно го нарушувале воздушниот простор на СССР на Далечниот Исток. Советските стручњаци, за да спречат понатамошни провокации, успеаја по пат на емитување одредени радиосигнали од советска територија да намамат три супермоќни американски бомбардери В-29 на аеродром во близина на Владивосток.
Авионот В-29 беше за тоа време последниот збор на воздухопловна техника (на планот на носечката конструкција, моторите, управувањето, навигацијата, системот за комуникација, прецизното бомбардирање и другото вооружување), продолжува Наришкин. Токму од авион В-29 беа фрлени првите атомски бомби, а со доаѓањето на Хари Труман на чело на САД постоеше опасност да бидат применети и на територијата на СССР.
Бомбардер Ту-4 „Туполев“ во музејот Монино и B-29.
Jno, AP„На препорака на Службата за надворешно разузнавање, раководството на земјата донесе одлука набавените авиони да не ги враќа во Америка, туку по дипломатски канали да го врати само нивниот екипаж“, соопштува Наришкин.
Советските стручњаци и пробните пилоти брзо се запознаа и овладеаја со управувањето со американските авиони, па во најстрога тајност ги префрлија по воздух на затворен аеродром кај Москва. Конструкторското биро „Туполев“ имаше задача во најкраток рок да направи сопствен пандан на американскиот авион. Тоа не беше можно без комплетната техничка документација која советските агенти набргу успеаја да ја набават.
Научно-техничкото одделение на Службата за надворешно разузнавање на Русија денеска слави 95 години од основањето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче