Археологија на Крим. Сликата е симболична.
Валериј Лукјанов/Global Look Press„Тимот арехолози работи практично на подрачјето на градот Бахчисарај, истражувајќи ја некрополата Сувлу-Каја. Според првичните информации, тие дошле до интересни неопљачкани крипти со голем број садови. Во скоро време може да се очекуваат интересни резултати“, рече Мајко на конференцијата за новинари на Крим.
Некрополата од античко време Сувлу-Каја се наоѓа во североисточниот дел на Бахчисарај. Гробјето припаѓа на периодот од третиот до петтиот век на новата ера.
Според археолозите, на градиштето Куљчук на западниот брег на Крим откриена е и откопана античка одбранбена кула, уникатна градба од времето на Босфорското царство. Грчко-скитската населба Куљчук се наоѓа високо на стрмниот морски брег. Населбата е основана кон средината на четвртиот век пред нашата ера.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче