94-годишен ветеран се повозе низ рускиот град Самара во оклопно возило „Тигар“ (ВИДЕО)

Скриншот, телевизиja „Ѕвезда“
94-годишниот ветеран на Втората светска војна, двапати одликуван со медали „За храброст“ Алексеј Иванович Кузин, се повози по улиците на градот Самара (850 километри југоисточно од Москва, во Втората светска војна резервна престолнина на СССР) во оклопно возило „Тигар“. Возилото пред неговата куќа го довезоа врскари од Втората армија на Централниот воен округ.

Припадниците на руската војска му го честитаа на ветеранот празникот Денот на воените врскари. Во дворот на куќата во која тој живее трубачки оркестар изведе композиции од воените денови. Кузин ги слушаше музичарите на прозорецот од својот стан.  

По концертот ветеранот излезе надвор за да се запознае подобро со возилото за врска, при што му помогнаа да влезе во него. Алексеј Иванович го зазеде местото на командирот на возилото и се повози по градските улици. Притоа беше запознаен со тактичко-техничките карактеристики на новото возило и можностите на современите средства за врска.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња