Во архивите на шпански весник пронајдена фотографија на советски „подземенˮ тенк

Снимката на „подземниот“ тенк од времето на Сталинградската битка ги изненади новинарите на шпанскиот весник АВС. Првпат е објавена во септември 1942 година во текот на жестоките борби за градот.

На фотографијата се гледа дека тенкот е спуштен во кратер од експлозија на бомба и на тој начин претворен во бастион за заштита на градот.

Авторот на статијата, новинарот Ел Каид Миа, смета дека тоа е оригинален начин за користење оклопна техника кој би можел да постави нов правец во развојот на техниката.

Доколку би постоеле возила кои би можеле да се кријат од непријателскиот поглед како подморниците или барем делумно да се кријат за да се заштитат, тие би изгледале вака, пишува новинарот.

Тој исто така предлага тенковите да се опремуваат со механизам за закопување за да може возилото да се скрие под земја кога ќе се соочи со сериозни противтенковски сили или артилериски оган.

Над земјата би останала само куполата и така тенкот би станал непристапна тврдина. Така ќе биде засилен отпорот против непријателот во офанзива. Оваа идеја е инспирирана од фотографија на полууништени тенкови, претворени во упориште на одбраната на Сталинград. Дали таа еден ден ќе стане стварност? Само времето и техниката можат да го дадат одговорот на тоа, пишува есента 1942 година Ел Каид Миа.

Закопувањето на ваквите тенкови во земја и нивно претворање во утврдени артилериски позиции беше распространета појава во Втората светска војна. Така правеа и со застарените модели чиј оклоп и огнена моќ не беа доволни за вистински тенковски борби.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња