Пробивот на „Сината линија“: Пред 77 години Германците потиснати во Црното море

25 јуни 1942. Битката за Кавказ.

25 јуни 1942. Битката за Кавказ.

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Делови на 56 армија на генерал-потполковник Андреј Гречко на 9 октомври 1943 година ги ослободија од Германците Чушка коса и северниот дел на Таманскиот полуостров. Така заврши битката за Кавказот која траеше 442 дена.

Германската операција „Рунолист“ почна на 25 јули 1942 година. Во офанзивата на Кавказот под команда на фелдмаршал Вилхелм Лист учествуваа 170000 војници и офицери на Вермахтот, 1130 тенкови, 4540 топови и минофрлачи и околу 1000 авиони. Нацистите имаа намера  преку Кавкаскиот гребен да продрат во Иран и Турција. Главниот штаб на Хитлер беше толку сигурен во победата така што пред офанзивата беа дури основани и нафтените компании Ost-Öl и Karpaten-Öl.

Благодарение на надмоќта во техника, Германците кон средината на август ги зазедоа Ставропол, Армавир, Мајкоп, Пјатигорск, Черкеск, Краснодар и голем дел од Новоросијск. Ридската пешадија ги запоседна превоите на Главниот кавкаски гребен, а на врвот на Елбрујс беа подигнати нацистичките знамиња. Беа заробени 309000 црвеноармејци, но советските трупи во одбранбените борби сепак успеаја да ја запрат офанзивата.

„По поразот кај Орџоникиѕе и новите неуспеси на подрачјето на Туапса, хитлеровците ширум Кавкаскиот фронт длабоко се вкопаа во земја, очекувајќи тивко презимување. Ние во јуришот на градот Малгобек дојдовме во посед на тајни документи, меѓу другото и на Хитлеровата наредба издадена во декември 1942 година. Таа гласеше: „Бреговите на Терек кои изобилуваат со населби се најповолната зимска граница која треба по секоја цена да се задржи заради освојување на Кавказот напролет“, напиша во своите мемоари генерал на армија Иван Тјуленев.

Контраофанзивата почна зимата 1943 година. На нацистите тргнаа повеќе од 1,5 милиони луѓе со 11000 артилериски орудија, 1278 тенкови и 900 авиони. Вермахтот имаше на Кавказ 743000 луѓе, 5000 орудија, 700 тенкови и 530 авиони, но советските единици напредуваа во борбите и поминаа 600 километри за на крај да стигнат до Таманскиот полуостров. Тука им се испречи претходно направената одбранбена линија. Таа во советските документи се нарекува „Сина линија“, а во германските „Готенкоф“ („Глава на Гот“). Таманскиот полуостров и околината на Новоросијск буквално неа начичкани со топови, противвоздушни орудија и митралези.

Главниот јуриш на нацистичките утврдени позиции почна ноќта спроти 10 септември. По шест дена борби беше ослободен Новоросијск, за на 3 октомври да биде ослободен Тамањ, а утрото на 9 октомври на Чушката коса повеќе немаше Германци.

Во битката за Кавказ настрадаа преку 539000 луѓе, од кои 276000 војници загинаа.

Германија, Романија и Словачка изгубија преку 420000 луѓе. Медалот „За одбрана на Кавказот“, воспоставен 1944 година, ја добија околу 870000 војници и офицери на Црвената армија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња