Зошто Унгарците се бореле против СССР во Втората светска војна (ФОТОГРАФИИ)

Втора светска војна. Унгарската армија го чува Дунав, весник „Сигнал“, март 1941 година.

Втора светска војна. Унгарската армија го чува Дунав, весник „Сигнал“, март 1941 година.

Getty Images
За разлика од другите сојузници на Третиот рајх, Унгарија немала никаква причина да завојува против Советскиот Сојуз. И покрај тоа, токму Унгарците останале единствените кои им биле до крај лојални на нацистите во борбата против Црвената армија.

1. „Колку диви, груби лица, колкаво дивјаштво и животинска бруталност се крие во тие очи. Тоа е исто така типично за Русија, за Сталиновиот режим. Дојде време тој да се збрише од лицето на земјата“, ова за советските воени заробеници го напишал војникот на унгарската армија Золтан Ароксалаши на самиот почеток од операцијата „Барбароса“ (Arokszälläsi Zoltän). Унгарија на 27 јуни 1941 година му објавила војна на Советскиот Сојуз и му се приклучи на Хитлеровиот „крстоносен поход на Истокот“.

Унгарци со слика на Миклош Хорти.

2. Унгарците немале ниту една причина за да влезат во оваа војна. Унгарија, за разлика од Финска и од Романија, немала заедничка граница (а, со самото тоа ни територијални конфликти) со Советскиот Сојуз. Згора на тоа, Будимпешта не можела да смета на учество во поделбата на територијата на победениот џин, зашто Берлин немал такво нешто во план.

Унгарскиот лидер Миклош Хорти и Адолф Хитлер 1938 година.

3. Главниот мотив кој ги побудил Унгарците да се приклучат на германската кампања на Истокот не била желбата да стекнат нешто ново, ами да го зачуваат она што веќе го имале, односно Северна Трансилванија. Овој голем регион со мешовито романско-унгарско население до завршувањето на Првата светска војна ѝ припаѓал на Австроунгарската империја. На Романија ѝ припаднал во 1918 година, а Германците ѝ го предале на Унгарија во Втората виенска арбитража на 30 август 1940 година. Кога романските единици заедно со Вермахтот влегле во СССР, владејачките кругови во Будимпешта сериозно се загрижиле дека Хитлер, доколку Унгарија остане неутрална, ќе го преиспита статусот на Северна Трансилванија и ќе им ја предаде на Романците како награда за поддршката.

Втора светска војна. Унгарски офицери формираат почесна стража за германската армија која минува низ Будимпешта за да ја окупира Југославија, април 1941 година.

4. Како формален повод за почетокот на борбените дејствија послужило бомбардирањето на словачкото Кошице, кое тогаш ѝ припаѓало на Унгарија, Тоа било на 26 јуни 1941 година. И покрај тоа што не било можно да се дефинира припадноста на авионите, унгарската влада објавила дека нападот го извршила советската авијација. Денес се изнесуваат верзии дека зад оваа акција можеле да стојат Германците кои сакале да ги вовлечат Унгарците во војна против СССР, или дури Романците, зашто и тие сакале да ја вовлечат Унгарија во конфликт, но од друга причина – се надевале дека од ослабената Унгарија полесно ќе ја преземат Трансилванија.

Втора светска војна. Унгарската армија го чува Дунав, весник „Сигнал“, март 1941 година.

5. Прва на фронтот била испратена таканаречената „Карпатска група“ унгарски единици. Биле составени од механизиран корпус, брдски стрелачки и граничарски бригади. Овие единици учествувале во борбите против Црвената армија во Унгарија. Во битката кај Умањ во јули и август 1941 година Унгарците им помогнале на Германците да победат 20 советски дивизии. Во октомври нивниот механизиран корпус извел марш на Донецк долг 950 километри, но изгубил 80% од техниката. Летото 1942 година на подрачјето на Курск и Воронеж упатена е најдоброподготвената и опремена Втора армија со 200.000 војници. Таа, меѓутоа, не успеала да развие офанзива, па по исцрпувачките борби преминала во дефанзива. „Војував сам против Германците, Унгарците и Романците. Ако тие се споредат како противници, најсилни се секако Германците. Но, на второ место по суровоста би ги ставил Унгарците“, пишува Александар Рогачов, командир на водот противтенковски топови со калибар од 45 милиметри.

Унгарските војници се обидуваат да поправат оштетен руски тенк.

6. Германците немале многу високо мислење за војничките квалитети на Унгарците, па затоа често ги користеле како окупациски и казнени сили, а тие тоа одвај го чекале. Само во периодот од ноември 1941 до август 1942 година во своите „антипартизански“ акции Унгарците погубиле 30.000 луѓе, поголемиот дел невооружени цивили. Често биле побезобѕирни и од СС-дивизиите. „Таму пламтеше голем пламен. Двајца Унгарци држеа за рамена и за нозе заробеник и полека му ги печеа стомакот и нозете на огнот“, сведочеше подоцна Марија Кајданикова од Острогошск во Воронешката област: „Тие час го креваа од огнот, час го спуштаа, а кога престана да лелека го фрлија во огнот, така што лицето му беше во пламен. Заробеникот ненадејно повторно почна да се препелка, па тогаш еден Унгарец силно му зари бајонет во грбот“.

Унгарски војници на Карпатите, 1944 година.

7. Во јануари 1943 година во Острогошко-рошанската операција советските единици го форисираа Дон јужно од Воронеж и извршија напад на 2 унгарска и на 8 италијанска армија. Загина 30.000, а заробени беа 50.000 унгарски војници. Унгарците изгубија поголем дел од тенковите, од возилата и од артилериското оружје. „Воронешката несреќа“, како што оваа борба се нарекува во Унгарија, беше најтешкиот пораз на унгарската армија во целата нејзина историја.

Втора светска војна, Втор украински фронт, советски панцергренадири во офанзива на приодите на Будимпешта, Унгарија, декември 1944 година.

8. Кога во март 1944 година Хитлер дозна дека унгарскиот лидер, регент Миклош Хорти преговара со западните сојузници за излез од војната, ја започна операцијата „Маргарете“ во која германските единици за неколку дена без пролевање крв ја окупираа цела Унгарија. Хорти остана на власт, но беше принуден да ги прекине преговорите. Но, сепак, на 15 октомври, кога борбите веќе се водеа на територијата на Унгарија, регентот објави примирје со Советскиот Сојуз. Тогаш Германците го сменија Хорти и наместо него на власт го доведоа Веренц Салаши, лидер на нацистичката прогерманска „Партија на стреластиот крст“. Така Унгарија во целост му беше потчинета на Третиот рајх, губејќи ги и последните остатоци од самостојноста.

Подготовка за погубување на германскиот нацистички лидер Ференц Салаши. Покрај него е друг осуденик со врзани раце, со вреќа на глава и раскопчана кошула. 1946 година.

9. Привременото Народно собрание на Унгарија, формирано со помош на СССР, на 21 декември 1944 година му се обрати на народот со повик да се крене „во света борба против германските угнетувачи за ослободување на нашата татковина!“. Меѓутоа, само помал дел од унгарските единици премина на страната на Црвената армија. Главнината продолжи да се бори на страната на Вермахтот до крајот на војната. Дури и по падот на Будимпешта на 13 февруари 1945 година Третата унгарска армија на подрачјето на езерото Балатон зеде учество во „Пролетното будење“, последната голема офанзивна операција на германските единици во Втората светска војна. Кога операцијата пропадна, унгарската армија конечно беше растурена и ликвидирана.

Унгарска единица на „Партијата на стреластиот крст“ и германски тенк Tiger II во Будимпешта, октомври 1944 година.

10. Втората светска војна им ги одзела животите на над 300.000 унгарски војници и на 630.000 цивили (од кои 550.000 Евреи, жртви на Холокаустот). По поразот на силата на Оската, Унгарија потпадна под влијание на Советскиот Сојуз и остана под него речиси половина век. Беше принудена на соседите да им ги врати териториите кои им ги одзеде со помош на Германија (меѓу другото и Северна Трансилванија), така што се врати во предвоените граници во кои се наоѓа и денес.

Советски војници во Будимпешта, 1945 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња