Михаил Бакунин, познатиот руски филозоф и револуционер, најпрво бил следбеник на идејата на германскиот филозоф Георг Вилхелм Хегел. Откако во 1840 година се преселил во Берлин, Бакунин се заинтересирал за комунистичката идеологија, а потоа го запознал Карл Маркс. Меѓутоа подоцна станале непријатели. Бакунин разработил сопствени идеи на анархизмот. Ја создал теоријата за панславизмот, идејата за федерација на словенските народи која треба да ги зачува од апсолутизмот.
Тој не бил револуционер само во теоријата. Во 1848-1849 организирал буна на работниците во револуцијата во Франција и во чешкото и во дрезденското востание. Тоа довело до негово апсење и смртна пресуда, која била преиначена во доживотен затвор. Во 1851 година бил испратен во Русија и затворен во Петропавловската тврдина. Тука царот Николај Први од него барал да пишува за германските и за словенските филозофски идеи. Неговото дело има наслов „Исповед“. Тоа исто така покажува дека Бакунин во тврдината бил емотивно скршен. Самиот признал дека е престапник и молел за смрт. Во писмото до своето семејство од 1854 година вели: „Се надевам дека сфаќате оти секој што барем малку се цени себеси побрзо би избрал најужасна смрт одошто оваа бавна и срамна агонија“, мислејќи на својот живот во затвор. Во 1857 година Бакунин бил протеран во Сибир, каде живеел до 1861 година, кога преку Јапонија пребегал во САД. Потоа се преселил во Лондон каде со Александар Херцен работел за списанието „Колокол“ („Ѕвоно“).
Николај Чернишевски
TASS; Михаил Величко/Архив на Александар Николаевич ОдиноковНиколај Чернишевски се заинтересирал за социјалистичките и за нихилистичките идеи како студент на Универзитетот во Санкт Петербург. Чернишевски ги посетувал состаноците на политичкиот кружок на Михаил Петрашевски за да дознае повеќе за револуционерните идеи, но не бил негов член. Кога дипломирал, се обидел да работи како учител, но наскоро ја напуштил работата и станал публицист. Во 1854 година Чернишевски почнал да пишува за списанието „Современик“ каде соработувал со познатиот руски поет Николај Некрасов. Сакал преку ова списание да ги популаризира своите револуционерни идеи. Во 1862 година привремено е запрено објавувањето на списанието и Чернишевски е уапсен поради пишување прокламации. Затворен е во Петропавловската тврдина каде го напишал своето главно дело романот „Што да се прави?“ Цензорите го прочитале, но во него не забележале идеи на утопистички идеализам, па Некрасов можел да го објави во „Современик“. Авдотија Панаева, која работела во списанието, во својата книга „Сеќавања“ пишува дека Некрасов одлучил самиот да го однесе романот во печатница. Таа додава: „Не поминаа ниту петнаесет минути, а Некрасов се врати и ме изненади со својот израз на лицето кога влезе во собата“. Излегло дека тој по пат го изгубил ракописот. За среќа, тој е пронајден по објавувањето на оглас, но тоа траело неколку дена, а Панаева се сеќава: „Некрасов беше толку загрижен што не можеше да јаде, понекогаш беше нерасположен и тивок, а тогаш одеднаш ќе почнеше да зборува за трагичната судбина на ракописот“. „Што да се прави?“ постигнал голем успех, но животот на Чернишевски e до крајот трагичен. По затворот испратен е во прогонство и му било дозволено да се врати неколку месеци пред смртта.
До почетокот на 20 век Максим Горки (вистинското име му е Алексеј Пешков) веќе бил добро познат писател и публицист. Кога во 1904 година дошол во Санкт Петербург и го видел расположението на луѓето во градот, не можел да не се вмеша. Ден пред трагичните демонстрации што ги предводел православниот свештеник Георгиј Гапон на 9 јануари 1905 година, кои се познати како „Крвава недела“, тој бил еден од угледните луѓе кои ги посетиле клучните личности на рускиот политички живот. Подоцна во своите сеќавања, Горки признава дека тоа било залудно. Откако на 9 јануари војниците пукале во мирните демонстранти, на жена си во писмо ѝ напишал: „Расположението расте, угледот на царот тука е уништен – ова е содржината на денот“. Тука тој исто така покажува дека му дал заштита на Гапон: „За чудо Гапон преживеа, лежи во мојот стан и спие“. Освен тоа напишал отворено писмо во кое ги поттикнувал луѓето да се борат против апсолутизмот. Тоа била причина за неговото апсење и затворање во Петропавловската тврдина. Во својата книга сеќавања тој вели дека неговиот близок пријател, индустријалецот и филантроп Сава Морозов, му помогнал да излезе од затвор по еден месец. На Горки исто така му било наложено да ја напушти престолнината. Инаку, еден месец поминат во затворот бил мошне плоден за Горки. Тука ја напишал драмата „Деца на Сонцето“ и почнал да работи на еден од своите најпознати романи „Мајка“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче