„Пантер“ од бездната: Како советските подморничари ја однесоа првата победа

Подморницата Б-2 по модернизацијата, Ленинград, 1935.

Подморницата Б-2 по модернизацијата, Ленинград, 1935.

Wikimedia.org
Пред точно 101 година, на 31 август 1919, советските подморничари ја однесоа својата прва победа. Во близина на островот Сескар во Финскиот залив беше потопен англискиот разурнувач Vittoria.

Во таа битка се истакна „Пантер“, седмата подморница од класата „Барс“, спуштена во вода 1916 година. Дизел-електричните подморници од овој проект беа долги 68 метри и имаа депласман од 780 тони. На површината на водата можеа да развијат максимална брзина од 18 јазли, а под вода 9 јазли. На прамецот и на крмата имаа два торпедни апарата со калибар 457 мм, осум надворешни торпедни апарати направени според системот на Џевецки, едно артилериско орудие и еден митралез за противвоздухопловна одбрана.

„Пантер“ неколку пати учествуваше во извидувачки операции, патролирање во Балтичкото море и судири со подморници на англиските интервенционисти, но сето тоа беа само поситни закачки без победник. Ситуацијата повторно се заостри кон крајот на летото 1919 година, кога британската и естонската флота сé повеќе ја загрозуваа северозападната граница на советска Русија. Одлучено е вжештените глави да се оладат со помош на „Пантер“, кој исплови во раните мугри на 31 август.

Командирот на подморницата Александар Бахтин (бивш поручник на царската флота, служеше како постар офицер на подморницата „Волк“, учесник во Првата светска војна) напиша подоцна дека непријателскиот разурнувач е првпат забележан преку перископот околу 14:30. Меѓутоа, тогаш нападот е откажан, затоа што постоела опасност отворањето оган да ја исфрли подморницата на површината и таа во случај да промаши биде изложена на возвратен оган.

Неколку часа подоцна повторно е забележан истиот разурнувач и покрај него англиски торпеден брод. Бахтин сочекува непријателот да се усидри, а потоа почнува внимателно да се приближува. Одлучено е нападот да се изврши по заоѓањето на сонцето, околу 21:20. Кон разурнувачот се истрелани две торпеда. Одекнува силна експлозија (второто торпедо ја погодило целта), а „Пантер“ веднаш почнува да се спушта во длабочина. Подморницата мора цела ноќ под вода да се крие од непријателот, така што во базата се враќа дури наредниот ден околу пладне.

Екипажот тогаш поминува под вода вкупно 28 часа и ги потрошува речиси сите резерви на воздух. Но, и покрај екстремните услови, операцијата е успешно изведена. Тоа беше првата победа на советските подморничари. Александар Бахтин 1923 година е награден со орден на Црвеното знаме.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња