„И почнав со работа“: Како козакот Крјучков отепа 11 Германци

Еден од најпознатите советски херои од Првата светска војна беше 24-годишниот донски козак Козма Крјучков. Тој се прослави по борбата со германскиот коњички одред на 12 август 1914 година, која се одигра во реонот на пруската граница.

Козачката патрола од четири коњаника тогаш се судри гради в гради со 27 германски коњаници. Како што подоцна се сеќаваше самиот Козма Крјучков, другарите во борбата мораа да се раздвојат и него го опкружиле 11 Германци. Без надеж дека ќе преживее, одлучи својот живот што поскапо да ги наплати.

Според современикот, Козма Крјучков не се одликувал со голема сила, но имал исклучителна подвижност и вештини, што во брзата борба на коњите било позначајно од силата на замавот со сабјата. Освен тоа, козакот имал послушен и внимателен коњ.

На почетокот на бојот, Козма Крјучков се обидел да употреби пушка, но не успеа брзо да го уфрли патронот, а еден Германец го закачил со сабја. Тогаш Крјучков ја извлекол својата острица.

„Замавнав со сабјата и почнав со работа. Се здобив со неколку помали рани. Чувствував дека крвта тече, но знаев дека раните не се тешки. На секоја рана одговарам со смртоносен удар, од кој Германецот паѓа во вечен сон. Со оглед на тоа што погубив неколку луѓе, почувствував дека ми е тешко да продолжам со сабја. Затоа го фатив нивниот пикет и со нив ги соборив останатите, еден по еден“, раскажувал козакот.

Неговите другари за тоа време ги совладале преостанатите непријателите. Од сигурна смрт се спасиле само тројца Германци кои успеале да заминат со коњите. Сите четворица козаци биле ранети, но преживеале. Козма Крјучков, кој самиот погубил 11 коњаници, непријателската острица го дофатила дури 16 пати, но раните биле површински и козакот на лекување поминал само една недела. Патем, со 11 рани се здобил и коњот на јунакот кој му помогнал од опасниот судир да излезе како победник.

Илустрираното списание „Искра“, опишувајќи ја оваа борба додава и неколку детали. Судејќи според нивниот текст, Кузма Крјучков во текот на нападот се одвои од другарите и прв се судрил со непријателскиот одред. Во извесен момент го нападнале истовремено два коњаника со пикети, но Крјучков успеал да го фати противничкото оружје и да ги собори непријателите на земја. Притоа се наведува дека Козма Крјучков бил ранет со куршум, со сабја и со пикет.

Интересно е дека по оваа борба лутите Германци и Австријци не земале козаци како заробеници. Сите што носеле козачки лампаси ги убивале на место.

За покажаното јунаштво командантот на армијата генерал Рененкампф на Козма Крјучков лично му врачил орден. Козакот добил Крст на свети Георги од 4 ред и бил прв коњаник со овој орден во Првата светска војна.

За овој подвиг весниците пишувале многу, печатени се разгледници со ликот на храбриот козак, а подоцна ликот на Козма Крјучков се најде и на опаковката на бонбоните „Геројские“ („Херојски“).

Во текот на војната донскиот козак повеќепати го има покажано своето јунаштво, одликуван е со друг орден и заслужи чин „потхорунжија“ (одговара на заставник од прва класа). Херојот на Првата светска војна кој за време на Граѓанската војна во Русија бил на страната на белогардејците загинал на 1919 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња