Руска експедиција на Арктикот пронајде австроунгарски колбаси од XIX век (ФОТО)

rgo.ru

Учесниците во комплексната арктичка експедиција на Руското географско друштво (РГО) и Северната флота на архипелагот Нова Земја открија склад со намирници на австроунгарска експедиција од предминатиот век, соопшти прес-службата на Руското географско друштво.

„Експедицискиот одред на РГО и Северната флота во рамките на заедничките експедиции на Арктикот на западниот брег на Северниот остров (архипелаг Нова Земја) пронајде склад со намирници на австроунгарската експедиција на Карл Вајпрехт и Јулиус Паер (1872-1874). Во него се откриени девет буриња за брашно и седум сандаци со колбас. Сандаците и бурињата се наоѓаат во лоша состојба. Имено, целото тоа време се наоѓале во процеп меѓу две карпи, покриени со камења. Истражувачите префрлија дел од пронајдените артефакти на палубата на реморкерот МБ-12, каде што ќе бидат детално анализираниˮ, соопшти прес-службата.

Освен складот со намирници, истражувачите пронајдоа и спомен-плоча за експедицијата на Де Бројне. Овој историски експонат е сочуван во добра состојба, се наведува во документот.

Претпоставката дека на еден од островите во близина на северниот крај на Нова Земја се наоѓа склад со намирници ја изнесе раководителот на експедицијата, полковник Сергеј Чуркин, се наведува во соопштението. Оваа хипотеза се појави откако истражувачот пронајде и анализираше во Австриската национална библиотека карти и фотографии од складот на една од првите научноистражувачки експедиции на Арктикот под раководство на Вајпрехт и Паер.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња