Николај Лошаков и Иван Денисјук со заробен авион Fi 156 Штрк успеаја да избегаат од германско заробеништво.
Германски федерален архив / Wikimedia.orgНиколај Лошаков е соборен во својот авион Јак-1Б во текот на воздушна борба кај Ленинград на 27 мај 1943 година. Успеа да скокне со падобран но се спушти на окупирана територија. Во тој момент овој 19-годишен потпоручник на 14 гардиски ловечки полк веќе изведе 121 борбен лет и лично собори два непријателски авиона.
Заробен е и сослушуван. На сослушувањата се придржува до верзијата дека е соборен во првата борба, дека е неодамна мобилизиран и затоа не знае ништо за својата единица, за бројот на авиони и слично. На крајот на краиштата Германците, судејќи според сé, му поверувале на младиот пилот и дури и му понудиле соработка. Според различни извори, се работело или за служба во Хитлеровата авијација (на помошни работи) или за таканаречената авијација на Руската ослободителна армија. Лошаков уште тогаш проценува дека тоа може да биде шанса за бегство, и не се излажува.
Испратен е на аеродром кај Псков каде што се запознава со водникот на тенковските оклопни трупи Иван Денисјук, исто така заробеник кој тогаш работел за Германците на полнење гориво во авионите. Заедно почнуваат да коваат план за бегство. Лошаков подоцна се сеќава како Денисјук по негова задача памтел и цртал шеми на распоредот на уредите за управување во авионите, како украл од бања германска униформа и добро ја сокрил во жбуновите крај патот.
Згоден момент за бегство им се укажува на 11 август вечерта. На аеродромот штотуку се спуштил авионот Fi 156 Штрк на командантот. Германците одат да вечераат, а Денисјук добива задача во меѓувреме да го наполни резервоарот на авионот. Од првиот обид успеваат да полетаат. На Германците им треба време да сфатат дека авионот е грабнат, така што бегалците го избегнуваат огнот од противвоздушните орудија од земја. До советската територија требало да се прелетаат 300 километри, а таму веќе ги дочекува противавионски оган. Лошаков е повторно ранет, но успева да го спушти оштетениот авион.
Следат сослушувања во Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД) затоа што се сомневале дека бегалците ја предале татковината, Денисјук под притисок на крај ја признава вината и добива 20 години робија. Лошаков не ја признава вината. Згора на тоа, покажува дека во заробеништво успеал кришум да ја сочува партиската книшка. На крај во декември 1943 година добива „само“ три години затвор. Ослободен е пред истекот на казната, во август 1945 година (а Денисјук дури 1951 година) за 1959 година да биде целосно рехабилитиран.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче