Како изгледала советската војна во Авганистан? (ФОТО)

Getty Images
Многу пред да влезат американските единици во Авганистан во октомври 2001 година со цел да ги елиминираат талибанците кои на Ал Каида ѝ даваа безбедно место за тренинг и за подготовка на терористички напади, Советите во оваа планинска земја го доживеаја својот дел од славата и ужасот.

Иако за влегувањето на советските единици во Авганистан в декември 1979 година понекогаш се зборува како за „советска инвазија на Авганистан“, всушност станува збор за воздржан одговор на советските власти на повеќекратните молби на тогашната авганистанска влада која бараше воена помош во војната против муџахедините (така се нарекуваа авганистанските исламистички бунтовници).

Советски тенкист во Авганистан.

За чудо, советското раководство не беше задоволно од државниот преврат во Авганистан во април 1978 година, со кој на власт дојде просоветската Народна демократска партија на Авганистан. За нив многу попогодна беше ситуацијата во која неутралната територија претставува тампон-зона помеѓу јужните советски републики и Пакистан, Иран и Кина.

Демонстрации на Комунистичката народна демократска партија на Авганистан.

Меѓутоа, околностите ги принудија Советите да се прилагодат. Москва беше сè повеќе загрижена поради исламистичките упади и неспособноста на авганистанскиот лидер Хафизула Амин да ја стави ситуацијата под контрола. Советското раководство не беше задоволно со стилот на владеење на Амин, сомневајќи се дека би можел да се здружи со советските непријатели.

Москва размислуваше конечно да се согласни на постојаните барања за интервенција и притоа да се ослободи од Амин. На 27 декември 1978 година советските единици брзо го зедоа под контрола Кабул, престолнината на Авганистан. Специјалните сили ја нападнаа Таџбеговата претседателска палата во која се наоѓаше Хафизула Амин.

Провинцијата Нангархар

До утрото следниот ден, на 28 декември, операцијата беше успешно завршена и претседателот Хафизула Амин беше убиен. Меѓутоа, следуваше крвава борба против исламистичките бунтовници која ќе трае следните 10 години, сè до февруари 1989 година.

Советски единици покрај Кабул

Ривалите на СССР во студената војна побрзаа да ја осуда советската интервенција и да им дадат помош на муџахедините. Америка на муџахедините им испраќаше оружје, од кое најзначајни беа преносните ракетни системи за ПВО „Стингер“, со оглед дека претставуваа извесна опасност за советските воздухопловни сили во земјата.

Иако некои веруваа дека испраќањето на ракетните системи „Стингер“ на муџахедините означуваше пресвртница во војната, не постојат еднозначни докази кои би укажувале на тоа дека американските преносни ракетни системи драматично го промениле односот на силите во корист на антисоветските единици.

Иако ривалите на Советскиот Сојуз во студената војна најпрво протестираа против советската интервенција во Авганистан, таа им легна како кец на десетка. САД одвај чекаа на Советите да им го приредат својот Виетнам. „Ние не ги натеравме Русите да се вмешаат, но свесно ја зголемивме веројатноста за нова интервенција“, рече по многу години Збигњев Бжежински, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џими Картер 1977-1991.

На врвот на конфликтот советскиот контингент во Авганистан изнесуваше само 108.000 војници. За споредба, Америка во Виетнам имаше 543.000 војници на врвот од интервенцијата. Сепак, на извесен начин војната во Авганистан за Советскиот Сојуз беше исто толку трауматично искуство како војната во Виетнам за Америка.

Советската војска го напушта Авганистан

Интервенцијата го прикажа Советскиот Сојуз во лошо светло пред меѓународната заедница. Исто така претставуваше товар за советската економија, додека сè поголемиот број жртви предизвика незадоволство кај советските граѓани.

Советскиот Сојуз конечно ги повлече своите единици од Авганистан во февруари 1989 година, 11 години по првата интервенција. Со оглед на тоа дека тоа беше војна против бунтовниците, никаква конвенционална победа никогаш не беше извојувана.

Советска колона го напушта Авганистан, преминувајќи ја границата – мостот „Дружба“ на реката Аму Дарја.

Војната во Авганистан не беше завршена со заминувањето на советските единици. Насилниот џихад во земјата и надвор од неа само доби сила, доведувајќи на крај до тоа исламистичката фундаментална политика и воената организација на талибанците кон крајот на деведесеттите години од минатиот век да ја преземе контролата над поголем дел од територијата на оваа земја.

Во октомври 2001 година Америка и нејзините сојузнички влегоа во Авганистан за да ги истребат талибанците, судирајќи се со својот неодамнешен сојузник.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња