Морнари на крстосувачот „Варјаг“
SputnikНапад на два турски брода на брикот „Меркур“, Иван Ајвазовски
Национална галерија „Ајвазовски“, Федосија, КримНерамноправната битка се одигра на 26 мај 1829 година на подрачјето на Босфор во една од многуте руско-турски војни кога Турците со четиринаесет бродови ненадејно нападнаа три брода на руската воена морнарица во која беше и извидувачката мисија. Два брода успеаја да се оддалечат, а на „Меркур“ зад петите му беа два турски воени брода „Селим“ и „Реал-бег“.
„Меркур“ не беше наменет за активни борбени дејствија, Овој мал брик со 20 топа главно беше користен за извидување и за конвои. Сепак, подоцна капетанот Александар Казарски му рапортираше на Алексеј Грејг: „Едногласно одлучивме да се бориме до последната крајност“. Под „последна крајност“ се подразбирало кревање на бродот во воздух.
И покрај неспоредливата надмоќ во топовите, Турците не излегоа на крај со „Меркур“. Тој маневрираше и користеше топови од двете страни, додека „Селим“ и „Реал-бег“ отвораа оган само од едната страна.
Руските морнари намерно ги гаѓаа врвовите на јарболите и опремата на нив, и на крајот им тргна од рака да ги онеспособат. По неколку часа тешка борба, со четири загинати и шест ранети морнари, со 22 дупки на трупот и 133 во едрото „Меркур“ успеа да им избега на турските бродови и да отплови во правец на Бугарија.
Руско-јапонската војна беше катастрофална за Русија, но руските морнари и во неа го покажаа своето јунаштво.
Крстосувачот „Варјаг“. По битката бродот силно се навали на левата страна.
Public domainНа самиот почеток на конфликтот, на 9 февруари 1904 година, јапонската ескадра од 14 крстосувачи и торпедни бродови беше блокирана на неутралното корејско пристаниште Чемулпо (денешен Инчхон) каде во тој момент се наоѓаше оклопницата „Варјаг“ и топовникот „Кореец“.
Откако командантот на ескадрата адмирал Уриу Сотокити му постави на капетанот на „Варјаг“ Всеволод Руднев ултиматум со барање да се предаде зашто изби судир помеѓу двете земји, рускиот капетан одлучи да се пробие во воено-морската база на руската флота во Порт Артур (на територијата на денешен Даљен во Кина), а во случај на неуспех да ги крене во воздух обата брода.
Нерамноправната борба против Јапонецот траеше три часа. Кога „Варјаг“ веќе беше сериозно оштетен и кога во борбата паднаа четириесеттина руски морнари, беше донесена одлука преживеаните да се евакуираат на неутрални бродови, а рускиот брод да се потопи.
Морнари од крстосувачот „Варјаг“
Sputnik; Public domainМеѓутоа, приказната за „Варјаг“ не е завршена со неговото потопување во Чемулпо. Во август 1905 година Јапонците го кренаа бродот од дното и го поправија, а потоа го воведоа во Императорската флота како крстосувач од втора класа „Соја“. Русија во текот на Првата светска војна го откупи бродот и го врати во својата флота под претходно име. По неколку години служба „Варјаг“ во 1925 година се насука на хрида во Ирското море, па делумно беше демонтиран, а остатокот беше кренат во воздух.
Морнарите на воената морнарица на Русија правеле подвизи и во мирнодопски услови. На пример, по земјотресот во италијанска Месина.
Морнари од оклопницата „Слава“ на урнатините на Месина, Италија
Public domainЕден од најсилните земјотреси во поновата историја на Европа со јачина од 7.5 степени според Рихтеровата скала на 28 декември 1908 година го погоди Месинскиот мореуз помеѓу Сицилија и Апенинскиот полуостров. Урнати беа дваесеттина населби, а загинаа меѓу 90.000 и 120.000 луѓе.
На повикот за помош се одзваа неколку земји. Први на местото на трагедијата пристигнаа бродовите на руската Балтичка флота кои тогаш имаа маневри во Средоземното море. Морнарите затекнаа страотна слика: градот беше речиси до темели урнат, а илјадници луѓе останаа под урнатините.
Спасувачката работа течеше без престан. Ноќе се работеше под рефлекторите на воените бродови. Мештаните тврдеа дека руските морнари дури не ни сакале да спијат, ниту да јадат, ниту да одморат. Неколкумина морнари го загубија својот живот за време на извлекувањето на преживеаните од под урнатините.
Руските воени лекари ја дадоа неопходната помош на настраданите во полските болници кои беа поставени на лице место. Тешкоповредените беа префрлани со воените бродови во Неапол и во Сиракуза.
Проблем претставуваа и пљачкосувачите поради кои локалните власти мораа да воведат воена состојба. Руските морнари поминаа во Месина пет дена, и за тоа време спасија над 1.300 локални жители. Италијанската влада сите ги награди со различни признанија. Неколку улици во градот се наречени според нивните имиња. Покрај тоа, беше планирано и да им се подигне споменик, но од многу причини тоа не беше сторено тогаш, ами во 2012 година, по повеќе од еден век.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче