Патријархот Кирил го нарече Покрстувањето на Русите главната револуција во историјата на Русија

Russian Government/Global Look Press
Како што истакна тој, покрстувањето од корен го променило животот на народот, неговата култура и системот на вредности.

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил го нарече Покрстувањето на Русија, до кое дојде 988 година под кнезот Владимир, главна револуција во историјата на Русија, со која не треба да се споредува ниедна друга, пренесуваат руските медиуми.

Поглаварот на Руската православна црква го карактеризираше „припојувањето на рускиот народ на благодатното тело на вселенската црква, за кое е заслужен рамноапостолскиот кнез Владимир“ како „величествена духовна сила која му помага да помине низ сите тешкотии“. Според мислењето на патријархот, покрстувањето на Русија како настан ни до ден-денес ја нема загубено својата смисла. Зборувајќи по богослужбата во Храмот „Христос Спасител“, тој го нарече денешниот руски народ како наследници на кнезот Владимир.

„Најстрашната револуција од почетокот на минатиот век во Русија се обиде, како што рече патријархот, да го промени системот на вредности и да ја уништи пред сé православната вера. Меѓутоа, фактот дека во 21 век во обновениот храм „Христос Спасител“ зборуваме за соништата на револуционерите со снисходлива насмевка, сведочи за тоа дека таа

одлично организирана и моќна политичка акција, следена, меѓу другото, и со насилство, не ја искорени православната вера во нашиот народ“, рече патријархот.

Во Русија и Украина на 28 јули (15 јули според стариот календар) се одбележува Денот на сеќавањето на светиот рамноапостолски кнез Владимир, Денот на покрстувањето на Русите (988 година).

Храмот „Христос Спасител“, изграден во 19 век, советските власти го срушија кон крајот на 1931 година во склоп на реконструкцијата на Москва, а е обновен во деведесеттите години на минатиот век.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња