Во Русија пронајдени урнатини на илјадагодишен православен храм

novgorodmuseum.ru
Во Велики Новгород, на територијата на тврдината се пронајдени урнатини на древен храм од XII век. Неговите темели се зачувани во одлична состојба.

Од 1167 до 1173 година на местото на храмот се наоѓала црквата на Светите кнезови Борис и Глеб. Била подигната од средства на богатиот трговец Сотка Ситинич. Можно е токму тој да послужил како прототип за легендарниот руски јунак Садко. Во XVII век храмот се сронил и се урнал.  

Ова го објави агенцијата „Интерфакс”, повикувајќи се на Институтот за археологија на Руската академија на науки.

Научниците проценуваат дека црквата била висока околу 40 метри. Најпрвин на ова место се наоѓала ораница, а веќе во XI век тука имало населба.

Храмот стоел на таканаречени лентасти темели. Тоа се низи од крупен камен поврзан со сврзувачкиот материјал, поставени во мали ископани ровови. Археолозите го истакнуваат високиот квалитет на градбата и сврзувачкиот материјал, макар што неговиот состав е вообичаен без какви било оригинални додатоци како што се јајца или мед.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња