Едно е да се биде успешен снајперист кога опкружувањето е мирно. А нешто сосем друго е кога се наоѓаш во арена на смртта, каква што беше Втората светска војна при опсадата на Сталинград, пишува гласилото.
Василиј Григорјевич Зајцев (1915-1991) е роден во селото Еленика во Оренбуршката губернија во семејство на ловец во тајгата. Од рано детство Зајцев учи да пука прецизно и да го погоди животното во око.
Во Сталинградската битка, само во периодот од 10 ноември до 17 декември 1942 година, помладиот поручник Зајцев, снајперист на 1047 стрелечки полк на 284 стрелечка дивизија на 62 армија на Сталинградскиот фронт лично ликвидира 225 противнички војници и офицери.
Зајцев директно на првата линија на одбраната ги учи другарите по оружје на снајперската вештина. Во текот на два месеца обучува 28 снајперисти. Како што истакнуваат воените историчари, Зајцев ги поседува сите доблести на добар снајперист – остар вид, истенчен слух, воздржаност, ладнокрвност, издржливост, војничка снаодливост. Така тој ловејќи ги германските снајперисти често користи кукла облечена во советска униформа. Непријателот наседнувал, отварал оган и ја откривал својата позиција.
Притоа Зајцев умее да ги одбере најдобрите позиции, да ги маскира и да се скрие од нацистите таму каде што никогаш не би можеле да претпостават. Самиот Зајцев смета дека клучна снајперска вештина е размислувањето надвор од шаблонот и умешноста за импровизација.
Зајцев го воведува во воената тактика принципот на групен лов, кога една борбена зона ја покриваат од разни страни три снајперски пара, со стрелец и набљудувач во секој. Се покажува дека таквите групи се многу ефикасни.
Врз основа на указот на президиумот на Врховниот совет на СССР од 22 февруари 1943 година Зајцев го добива звањето Херој на Советскиот Сојуз. За почесен граѓанин на градот-херој Волгоград е прогласен 1980 година. Снајперската пушка на Василиј Зајцев се чува во Музејот на одбраната во Волгоград.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче