Прашајте го секоја што живеел во советското време што е тоа „производ број 2“ и тој веднаш ќе ви каже дека тоа бил еуфемизам за презервативи. Првобитно тие се правеле само во Баковската фабрика во Подмосковје. Оваа фабрика имала само два артикли: гас-маски (производ број еден) и презервативи (производ број два). Бројот ја означувал дебелината на гумата. Со единица се обележувала подебелата, а со двојка потенката гума.
Баковската фабрика за технички производи од гума почнала да работи кон крајот на триесеттите години од минатиот век. Како што пишуваат неколку извори, производството на презервативи е започнато со поддршка на Лаврентиј Берија, партиски функционер и близок соработник на Сталин.
Татјана Окуњевска, Лаврентиј Берија, Нина Алексеева
Public Domain; Legion Media; N. V. Alekseeva/AST-PRESS BOOK, 2005Користејќи ја својата службена положба, тој често стапувал во интимни врски со девојки, понекогаш и против нивната волја.
Во текот на војната фабриката, се разбира, произведувала воена опрема, за кон средината на педесеттите години од минатиот век повторно да започне со производство на презервативи. Годишно правела околу 200 милиони „производи број 2“. Подоцна презервативи почнале да произведуваат и фабриките во Киев и во Армавира.
Советски презервативи, 1955 година
Непознат авторТогашните презервативи во голема мера се разликувале од денешните. Се правеле од гума и се посипувале со талк за гумата да не се залепи една за друга.
Оваа гума воопшто немала романтичен мирис и била дебела 0.09 милиметри, односно била двапати подебела од сегашниот стандард (0.05 милиметри).
Баковската фабрика за гумени производи.
Сергеј Мамонтов/TASSЗа време на Никита Хрушчов започнале да се произведуваат презервативи во три различни големини, што доведувало до пикантни ситуации во аптеките, кога купувачот конечно ќе дојде на ред требало на глас да ја каже величината што му е потребна.
Еден презерватив во аптека чинел 10 копејки. За споредба, литар млеко чинело 28 копејки, а една векна леб 24 копејки.
Презерватив, 1968.
pikabu.ruСоветските презервативи на почетокот не биле особено квалитетни. Често се кинеле, а не биле ниту доволно тенки и рафинирани. Дури во осумдесеттите години од минатиот век Баковската фабрика започнува да ги прави од латекс и да ги тестира со електронски уреди.
Но, определени советски граѓани и претходно купувале поквалитетни презервативи на пазарот на црно. „Кај шверцерите можеше да се купат странски презервативи, избраздени и со бори. Чинеа од 3 до 5 рубли, и луѓето дури и ги переа по употребата (за да можат повторно да ги користат), велат оние кои во тоа време биле млади.
Русија, Москва, 5 септември 1990 година. Амбалажа.
Сергеј Мамонтов/TASSОфицијално презервативите биле правени како заштита од венерични болести, но излегло дека овој производ може да има различни намени.
СССР, Москва. 2 февруари 1991 година. Плакат на уметникот С. Маркин на изложба на плакати.
Олег Булдаков/TASSСо задоволство ги користеле туристите, геолозите и риболовците. Во нив се чувале примероци земја, цигари, шкорчиња и сол. Во експедициите биле незаменлив дел и херметична амбалажа. Велат дека презервативот на Баковската фабрика можел да прими еден и пол литар вода. Тинејџерите ги користеле за зафркавање. На пример, ќе наполнат „производ број два“ со вода и го фрлале од балконите.
СССР, Москва. 2 февруари 1991 година. Плакат на уметникот А. Акмаева „Кој се чува и Бог го чува“ на изложба на плакати.
Олег Булдаков/TASS„Често ги користевме презервативите, пред сè кога правевме зимница зашто имаше недостаток на капаци за тегли, но и како гумени чизми за мојот прв булдог, кога назима фрлаа сол на улиците“, пишува една Русинка на Интернет. „Мене ми беше срам да купувам толкаво количество (потребни беа 8 парчиња дневно), а маж ми не сакаше да купува зашто беше потребна најмалата големина. Ги купуваше мојата најдобра другарка. Таа веднаш од вратата на аптеката ќе викнеше: Имате ли презервативи од најмала големина? Ми требаат триста парчиња“.
Еден од експонатите на музејот на еротиката „МузЕрос“ на Лиговски проспект во Санкт Петербург.
Алексеј Даничев/SputnikПо распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година пазарот беше преплавен од индиски и кинески презервативи во шарени пакувања. Баковската фабрика се обидуваше да ја надмине кризата, меѓу другото и на тој начин што нудеше необични варијанти, на пример презервативи-играчки обоени во стилот на гжељ. Во определен момент фабриката се преориентираше на производство на балони, но тоа не ѝ помогна – во 2019 година банкротираше, а во 2020 година згасна.
Баковската фабрика за гумени производи. Презервативи во вид на фигуринки од прочуениот порцелан од Гжељ. Ексклузивни примероци на рачна изработка.
Олег Ласточкин/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче