Руската империја ја запоседнала територијата на Финска во 1809 година, а дотогаш Финска над шестотини години била во составот на Шведска. Додека крстоносците од другите европски кралства пљачкосувале на Блискиот Исток, Шведска избрала сосема друга насока за својата експанзија и во 12 и во 13 век ги освоила финските племиња.
Грбот на Финска од 1633 година и картата на Шведската империја од 1747 година.
Helsinki University Library, Royal Armoury, SwedenИ се судирала со Новогородското кнежевство кое исто така имало свои интереси во регионот. Но, по бројните судири, Стокхолм ја задржал територијата на Финска.
Гравура од стара книга за патувањата низ Шведска, Финска и Лапонија, 1802 година.
Getty ImagesВо текот на Северната војна (1700-1721) руската војска зазела големи територии на Финска. Шведска го изгубила статусот на суперсила, па и земјите на источниот брег на Балтичкото море. Меѓутоа, Швеѓаните ја задржале територијата на Финска, со исклучок на одделни делови од Карелија.
Петар Први пред шведската тврдина Нотебург, октомври 1702 година. Александар Коцебу.
Јавна сопственостФинската војна (1808-1809), која во Шведска е позната како „најголемата национална катастрофа во историјата на шведската држава“, довела до тоа Финска целосно да ѝ припадне на Руската империја. Така Шведска изгубила една третина од својата територија и една четвртина од жителите.
Ранет шведски војник.
Finnish National GalleryРускиот император Александар Први ненадејно завладеал со голема непозната територија која била населена со протестанти. Не заборавил дека Финците можат да водат партизанска воја и решил дека припојувањето на Финска мора да биде изведено мошне внимателно. Така во 1809 година Големото кнежевство Финска добило широка автономија. Под шведското владеење Финците никогаш немале нешто слично на автономија. Им било дозволено само да ја зачуваат својата религија, правата и да живеат по старите шведски закони.
Царот Александар Први го отвора првото собрание на претставниците на народите на Финска, 1809 година.
Diocese of BorgåАлександар Први во 1811 година ѝ ја дал на Финска и Виборшката губернија на Карелијската превлака. Така била темпирана бомбата која ќе експлодира по 100 години.
Дрвосечачи во Карелија, Пека Халонен, 1900 година.
Ateneum, FinlandПо една година престолнина на Големото кнежевство Финска наместо Турку (Åbo) станува Хелсинки, зашто е поблизу до Санкт Петербург и подалеку од шведското влијание.
Хелсинки, 1867 година.
Eugen Hoffers (CC BY 4.0)Во втората половина на 19 век кнежевството Финска стекнало важни привилегии како што е монетарен систем и сопствена армија. Но, наскоро руската политика кон Финците драстично се променила. Започнал процесот на русификација, Финците ја губат власта, а финската армија била распуштена во 1901 година за нејзините војници да влезат во составот на армијата на Руската империја.
Финска марка (1862 година)
Јавна сопственостНезадоволните Финци учествувале во Првата руска револуција 1905-1907, па императорот Николај Втори морал да отстапи. Во 1906 година Финска станала првата земја во Европа во која жените добиле право да гласаат и да учествуваат во работата на парламентот, а на меѓународните спортски натпревари Финска настапувала под свое знаме.
Првото заседание на Финскиот парламент, 1907 година.
Signe BranderНабргу по болшевичката револуција финскиот парламент прогласил независност, а Ленин ја признал новата држава. Но, тоа не го спречило воениот конфликт. Во Финската граѓанска војна белите Финци ги победиле црвените Финци (што ги поддржувала Советска Русија) и двете држави конечно се одделиле.
Финската Бела гарда.
Јавна сопственостПоследниот меѓусебен конфликт се случил во текот на Втората светска војна, и тоа поради поклониците на императорот Александар Први. Карелијската превлака и Виборг биле клучни за одбраната на Ленинград, Откако СССР ги одзел овие територии во Зимската војна, Финска сега била на страната на нацистите со надеж дека ќе ги поврати. Во повоениот период двете држави одлучиле да го закопаат боените секири и Финска станува еден од најмирните соседи на СССР, а потоа и на Русија.
Лесен тенк Т-26 и ГАЗ-А камиони на советската 7 армија на Карелијската превлака, декември 1939 година.
Јавна сопственостПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче