Поздрав од СССР кој и денес се гледа од вселената (ФОТО)

Google Maps, Russia Beyond
Жителите на СССР им оставија на потомците поздрави од минатото во вид на огромни написи од дрвја. Навистина, не се шегуваме.

Во Советскиот Сојуз сакаа сé што беше монументално, така што овие пораки до идните поколенија се само уште една потврда на таквата тенденција. Кога се гледа од земја изгледаат како обични шуми, но од воздух, односно птичја перспектива, излегува дека се работи за натписи од дрвја. Настануваа на два начина: со сечење на дрвјата во одреден редослед или со намерно садење, така што растејќи дрвјето создаваше натпис.

За овие „поздрави од СССР“ претходно знаеја само мештаните, а денес едноставно можат да се видат на сателитските снимки. Во овој момент се пронајдени околу педесет такви натписи.

Масовното садење на дрвја почна во седумдесеттите години на минатиот век во целата земја. Првиот пат како повод за таквото необично пејзажно решение послужи стогодишнината од раѓањето ан револуционерот и основач на СССР Владимир Ленин. Повеќето сочувани натписи се посветени токму нему.

Најпознат е секако натписот во Курганскиот регион „Ленин“ кој има сто години. Го реализираа вработените во локалното шумско стопанство меѓу селата „Труд и Знаење“. Тие засадија шума од 40 илјади ели на површина во должина од 600 метри. Дрвјата денес се високи 80 метри.

Во Башкирија се пронајдени две илјади натписи „Ленин има сто години“: Во селото Архангелско во должина од 260 метри, а кај градот Благовешченск - 550. Во првиот случај дрвјата се садени на гол рид, така што натписот подобро се чита од вселената, додека вториот делумно зараснува.  

Останатите натписи беа посветени на јубилеите на Советскиот Сојуз, Октомвриската револуција, Денот на Победата во Втората светска војна, дури и на конгресите на КПСС.

Најстариот натпис, исто така пронајден во Благовешченск во Башкирија, потекнува од времето кога се одбележуваше триесетгодишнината од победата во Втората светска војна, но не се гледа толку добро. Меѓутоа, јасно се гледа вториот натпис „60 години од Победата“, испишан 2005 година.

Постојат неколку натписи посветени на педесет и шестата годишнина на Октомвриската револуција. Во Русија е зачуван само еден, во Алтајскиот крај, додека останатите се наоѓаат во Украина и Молдавија.

Освен во вид на натпис, луѓето во Советскиот Сојуз садеа дрва и во вид на симбол. А централниот, се разбира, беше ѕвездата петокрака, во различни варијанти. На пример, во Тамбовската област цела ѕвезда ја сочинуваше шума.

А во Кострома и Липецк во ѕвездата беше врежан и круг.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња