
Територијата на Балтикот со латвиски, литвански и естонскки жители секогаш имала посебен статус, како во составот на Руската империја, така и во Советскиот Сојуз. Властите се труделе да ги уважат историските и економските особености на овој „европски“ регион, кој толку многу се разликувал од остатокот на земјата.

Латвиска ССР. На улица во центарот на Рига.
Свиридова/Sputnik
На приморје. Естонското летувалиште Пјарну.
Јуриј Абрамочкин/russiainphoto.ru
Улицата Каварију. Модерна девојка.
Антанас Суткус/МАММ/МДФЗа развојот на советските балтички републики биле издвојувани големи финансиски средства, додека на спроведувањето радикални економски реформи се приоѓало мошне внимателно.

Во продавница.
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ
Естонска ССР. Пивницата „Стариот Томас“ (Вана Тоомас) во Талин.
С.Мигдаљ/SputnikНа крајот животниот стандард на советските Латвија, Естонија и Литванија бил значително поголем од мнозинството републики во СССР, платите биле двократно или трократно повисоки, а кусокот од стока, како што е облека и други работи, многу помал.

Јурмала, 1984. Туристи на градска плажа.
Борис Колесников/TASS
Јурмала, 1975. Туристи на градска плажа.
Zhan Graubits, Alexander Ovchinnikov/TASS
Јурмала, 1983. Туристи во летно кафуле.
Imant Predelis/TASS
Јурмала. Јуни 1983. Туристи на плажа на лекувалиштето „Ришко приморје“.
Пределис Имант/Фотохроника ТАСС
Паланга. 13 август 1986 година. Граѓани на одмор на брегот на морето.
Сабаљаускас Аљгирдас, Јанкаускас Кјастутис/TASSМилиони советски граѓани од целата земјата доаѓале секоја година на одмор на Балтичкото приморје во најдобрите одморалишта на латвиската Јурмала и на литванската Паланга. Во естонското летувалиште Пјарну било отворено специјално одморалиште за советските космонаути.

1978 година. Фотографот Виктор Рујкович ја снима панорамата на градот. Кулата на Домската катедрала, зад неа Мостот преку реката Даугава.
МАММ/МДФ
Татко си синот на видиковец во Талин.
Архивaта на Владимир Карлов
Архитектурата на стариот Вилнус. Снимено: 1 мај 1970 – 31 август 1976. Црквата на Света Тереза на улицата Аушрос Варту.
Архивата на Владимир КарловСо оглед на тоа дека само мал процент од жителите на Советскиот Сојуз можел да отпатува надвор од земјата, Балтикот станал замена за недостижната Европа, своевидно „странство“. Тука туристите ги откривале целосно непознатите германска, шведска или литванска архитектура, талкале по тесните улици на Рига, на Вилнус и на Талин, уживале во посетата на расфрлените замоци во западноевропски стил.

Поглед на Стариот град од видиковец. Талин, Естонија
Владимир Первенцев/Sputnik
Централниот плоштад со градска куќа во Талин.
Алексеј Федосеев/Sputnik
Кулите на Тракајскоиот замок, 1983, Литванска ССР. Тракај. Кули на средновековниот Тракајски замок.
Борис Кавашкин/Sputnik
Тракајски замок. Снимено: 1965-1969. Замокот го подигнал Кејстут во седумдесеттите години од четиринаесеттиот век на брегот на езерото Галва (или Тракајско езеро). Бил урнат во периодот 1382-1383 и повторно изграден кон крајот на владеењето на Витолд. Изградбата е завршена во 1409 година.
Виктор Горкин/МАММ/МДФКога на советските режисери им било потребно да го доловат животот во странство снимале токму во балтичките републики. Така куќата на улицата Бејкет во која живеел советскиот Шерлок Холмс (еден од најдобрите што се појавиле на филмското платно) е снимена во Рига.

Латвиска ССР. Ришката фабрика за производство на автомобили (РАФ). Група водечки стручњаци која била вклучена во осмислувањето на возилата за Олимпијадата во 1980 година.
Владимир Богатирјев/Sputnik
Фабриката на Работничкото црвено знаме за производство на компјутерски машини В.И. Ленин во Вилнус
Никита Козловски/МАММ/МДФ
Фабриката за производство на багери во Талин. Багери за копање ровови и за поставување дренажи на полигонот за готови производи.
Варфоломеев/Sputnik
ВИЛНУС,1978 година. Инспектор за проверка на квалитетот Т. Алексејунене ги контролира готовите производи.
Marionas Baranauskas/TASS
КАУНАС, ЛИТВАНСКА ССР, СССР. 1 јуни 1977 година. Работници во еден од погоните во Комбинатот за производство на вештачки влакна „Педесетгодишнина на Октомври“.
Борис Кавашкин, Аљгис Палнис /TASSБалтичкиот регион во советско време бил еден од главните индустриски центри во земјата, а определени фабрики биле далеку над регионалниот просек и станале претпријатија од сесојузен ранг. Ришката фабрика за електротехника и електроника ВЕФ, да кажеме, ја снабдувала целата земја, а фабриката за стакло во градот Ливани била една од најголемите во СССР.

Уметници на ришкото пристаниште.
Соловјов/Sputnik
Естонска ССР. Патничко пристаниште во Талин.
Александар Макаров/Sputnik
Товарно морско пристаниште во Талин.
Салмре/Sputnik
Уморското трговско пристаниште во Талин.
Јуриј Абрамочкин/SputnikТокму пристаништата во балтичките републики (а не во Ленинград или во Калининград) се сметале за главна западна поморска порта на земјата низ која на патот кон Европа одел главниот тек на советската стока. Токму оттаму определени среќници тргнувале на крстосување по Балтичкото, Северното и Средоземното море.

Литванскиот ансамбл на песни и танци Летува
Јуриј Садовников/МАММ/МДФ
Учесници на фолклорниот фестивал на песни и танци.
Тихонов/Sputnik
Девојче во национална латвиска носија на кејот во Рига.
Јан Тихонов/SputnikЕповите на балтичките народи, класичните дела на латвиската, на летонската и на естонската книжевност и, секако, идеолошките исправни романи на советските писатели од Балтичкиот регион масовно се преведувале на руски јазик, се печателе во стотици илјади примероци и стасувале во сите библиотеки и книжарници на Советскиот Сојуз од Калининград до Владивосток.

Мешовит женски хор во текот на настапот на Фестивалот на песната. Музички амфитеатар во Талин.
А. Варфоломеев/Sputnik
Републички фестивал на песни и танци.
Олег Макаров/Sputnik
1974 година. Членови на ансамблот на народни танци и песни на Вилнускиот државен универзитет.
T.Zhebrauskas, Viktor Sadchikov/TASSГолеми музички фестивали со илјадници учесници облечени во национални носии се одржувале на Балтикот уште од крајот на 19 век. Во советската епоха оваа традиција не била заборавена, ниту запоставена. Напротив, за нивното одржување биле градени големи концертни сали и бини. Властите, меѓутоа, се труделе нивното одржување да го поврзат со комунистичките празници, како што е на пример денот на раѓањето на Ленин или годишнината на Револуцијата.

Монтери за работа на височина, ученици од ПТУ № 13. Рига
Петрухин/Sputnik
Осумдесеттите години од минатиот век. Кула Гедимин.
Александар Абаза/МАММ/МДФ
Мост преку реката Даугава.
В. Крјуков/Sputnik
Хотел „Клајпеда“, 1985, Литванска ССР. Клајпеда. Новиот хотел „Клајпеда“ на плоштадот В.И.Ленин.
Борис Кавашкин/TASS
Населбата Лаздинај во Вилнус, 1985 година Литванска ССР.
Борис Кавашкин/TASS
Грaд Рига, 1975 година. Поглед на железничкиот плоштад.
Јуриј Жилтухин/TASS
Одморалиштето „Пушинас“ во Друскининкај, 1986 година, Литванска ССР.
Владимир Гулевич/TASSВо балтичкиот регион, како всушност и во остатокот од земјата, во времето на постоењето на СССР пред сè биле градени типски блокови станбени згради. И покрај тоа во градовите никнувале и вистински ремек-дела на советската архитектура која не само што не го загрозувала изгледот на средновековните градови, ами и складно ги надополнувале. Така, еден од симболите на Рига станал една од сталиновите облакодери, зградата на Академијата на науките на Латвија која во 2003 година Советот на Европа ја препозна како оригинален споменик на архитектурата од средината на дваесеттиот век и дел од културното наследство кој е заслужен да биде маркиран со знаме.

Космест млад морнар
Вадим Бункин
Во студентскиот дом на Тартускиот универзитет
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ
Инспекторот на сообраќајната Ера Кузнецова со ќерката.
Михаил Озерски/Sputnik
Кујна на жител на Латвиската ССР.
Јан Тихонов/Sputnik
Девојче во Вилнус
Михаил Дашевски
Металци
Георгиј Розов/МАММ/МДФ
Вилнус. 1 јуни 1987 година. Обележување на Денот на сеќавањата.
Boris Kavashkin, Algirdas Sabalyauskas/TASS
Продавач на сè и сешто,
Архива на Павел Сухарев
Oџачари на покрив од зграда.
С. Лидов/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче