Министерот за надворешни работи на СССР Вјачеслав Молотов и Адолф Хитлер за време на државната посета на Берлин во ноември 1940 година.
Scherl/Global Look PressВо својата статија за американскиот магазин „Национален Интерес“ рускиот претседател пишува како Хитлер се обидувал да го наговори советското раководство на чело со Јосиф Сталин да се обедини со силите на Оската. Тоа било во текот на посетата на Берлин на Вјачеслав Молотов, народниот комесар за надворешни работи на СССР. Предлогот бил одбиен. „Молотов постапуваше стриктно според Сталиновите инструкции и се ограничи на воопштено разгледување на германската идеја на придружување на Советскиот Сојуз на Тројниот пакт што во септември 1940 година го потпишаа Германија, Италија и Јапонија и кој беше насочен против САД и Велика Британија“, пишува шефот на Руската Федерација.
Путин го цитира соопштението на Молотов на ополномоштениот претставник на СССР во Лондон Иван Мајски, упатено на 17 ноември истата година: „Ние само разменивме мислења во Берлин... И тоа е сé“.
Подоцна Москва му постави на Рајхот такви услови за стапување во сојузот кои никако не можеа да бидат исполнети, на пример, повлекување на германските трупи од Финска, истакнува претседателот на Русија. „Со тоа беше исклучена било каква можност за придружување на пактот“, нагласува Путин.
Во истата статија рускиот лидер пишува дека Хитлер се решил да го нападне СССР затоа што не се сомневал дека таа војна кампања ќе биде брза и успешна. Путин исто така истакнува дека Советскиот Сојуз тежнеел што подолго да избегнува влегување во отворен воен конфликт со нацистичка Германија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче