Путин посочи со прст четворица предавници од Втората светска војна

Reuters
Францускиот маршал Филип Петен, советскиот војсководец Андреј Власов, лидерот на украинските националисти Степан Бандера и норвешкиот државник Видкун Квислинг беа предавници, смета претседателот на Русија Владимир Путин.

Ова тој го напиша во статијата за американскиот магазин „Национален Интерес“ (The National Interest) на тема Втората светска војна.

„Нивните помошници и следбеници, макар што беа скриени зад маските на борци за независност или ослободување од комунизмот, беа предавници и убијци“, смета рускиот лидер.

Според мислењето на Путин, следбениците на тие луѓе често ги надминувале според нечовечноста. Тие радо ги извршувале најсуровите наредби. „Тие се одговорни за крвавите настани како што се стрелањата во Бабин Јар, Волинскиот колеж, Катин, ликвидацијата на Евреите во Летонија и Литванија“, објаснува шефот на руската држава.

„Денес нашиот став е непроменет: не можат да се оправдаат злосторствата на нацистичките колаборационисти, тие не застаруваат. Славењето на нацистичките колаборационисти можам да го сфатам само како предавство на споменот на нашите татковци и дедовци. Како предавство на идеалите кои ги обединија народите во борбата против нацизмот“, заклучува Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња