Најдениот при изградбата на Кримскиот мост оклопен чамец БК-73 во истата мисија како пред 77 години

За време на Втората светска војна оклопниот чамец можел сосем да пријде до брегот и ненадејно да ги гаѓа од близина нацистите.

Од дното на Керченскиот теснец беше подигнат оклопниот чамец БК-73 од времето на Втората светска војна, а кој сега е реконструиран. По 77 години тој по трагите на воената слава повторно е во истата мисија како и во 1943 година, кога учествувал во ослободувањето на Ростов на Дон.

За време на војната БК-73 беше пловечки тенк кој и на плитко место во водата можеше да се доближи до брегот и ненадејно од голема близина да ги гаѓа нацистите. Под команда на постариот поручник Иван Запорожец, БК-73 учествуваше во борбите за Ростов на Дон, Сталинград и Таманскиот полуостров. Учествуваше во Новоруската операција, дејствуваше во Азовското и Црното море. Својата последна битка ја забележа во ноември 1943 година на Крим. Беше вклучен во Керч-Елтигентската десантна операција на трупите на Севернокавкаскиот фронт во ослободувањето на Керч и Крим. Бродот го разнесе мина при што сите кои се наоѓаа на него загинаа.

Екипажот броеше 12 члена, а припадници на десантните единици имаше 40 на број, рече раководителот на Кримската регионална организација на цивилното општество „Историско-културен забавен центар „Батерија 29БИС“ Александар Јолкин.

Оклопниот чамец е пронајден за време на изградбата на Кримскиот мост. Пловилото се распаднало на два дела. Во оклопената кабина е пронајдено и телото на командантот на екипажот. Група ентузијасти од Руското воено-историско друштво и Музејот на наследството вложи големи напори за да го дознае името на командантот на БК-73. Се покажа дека тоа бил Иван Запорожец. Во овој момент се трага по неговите роднини за да им бидат пренесени информациите до кои се дојде и да бидат закопани пронајдените земни останки.

Оклопниот чамец врз основа на цртежи и сочувани фрагменти е реконструиран три години во фабрика во Толјати. Денес БК-73 е пловечки музеј. Во кабините се чуваат личните предмети на екипажот, оружјата и признанијата. На палубата е сочувано сидрото, цевката на пушкомитралез ДШК како и бродското ѕвоно. На оклопниот чамец е инсталирана макета на купола на тенк Т-28 во целосна големина, истата како од времето на Втората светска војна.

Во овој момент поради пандемијата музејот е привремено затворен за посетители. Оклопниот чамец БК-73 тргна по стапките на воената слава, по што ќе се врати во Геленџик, каде што е стациониран и од каде тргна во последен поход 1943 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња