Зошто во СССР произведуваа вода во конзерви?

au.ru
Советското производство на конзерви беше едно од најголемите во светот со повеќе од 600 различни производи. Во тоа време во земјата постоеја најнеобични конзерви кои не одеа во отворена продажба, меѓу нив и конзерви со вода за пиење!

Кога современите граѓани на Русија ќе видат конзерва на која пишува „вода за пиење“, сигурно не им е јасно за што се работи. Зошто воопшто на советските граѓани им беше потребна вода за пиење во конзерви? Кога малку подобро ќе се погледне, конзервата од 240 грама на која пишува рок на употреба две години, работите стануваат појасни. Конзервите беа наменети за морнарите кои претрпеле хаварија на отворено море и останале без вода за пиење.

На морнарите им се предлагаше употреба на вода во конзерви само во краен случај, кога сите други резерви се потрошени, а нема дождовница.

Водата од конзерва можеше да стои две години и да се употребува при температури од -35 до +66 степени, практично во сите временски услови. Изворската вода првин се превриваше, а потоа се додаваше  аскорбинска киселина, а дури потоа беше затворана во конзерви. Таквата вода се чуваше многу долго.

Освен морнарите на трговските и воените бродови на СССР, вода во конзерви користеа и подморничарите. Колку што е познато, конзервирана вода повеќе никаде во светот не се произведуваше, што до некаде е и логично. Советскиот Сојуз фактички беше воен логор. За време на сеопшта војна, основните залихи на вода би биле во конзерви. Многу долго можеше да остане во добра состојба, на неа не влијаеја отровни материи, не постоеја посебни услови за транспорт. Според статистичките податоци, веќе од 1940 година Советскиот Сојуз произведувал повеќе од 200 милиони конзерви годишно и токму тогаш станал првата земја по производство на конзерви во светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња