Ќерка на маршал на СССР раскажа како нејзиниот татко го кренал во воздух бункерот на Хитлер

Скриншот

Скриншот

ТВ „Ѕвезда“
Тамара Шестопалова, ќерка на маршалот на инженериските сили Николај Шестопалов раскажа како нејзиниот татко раководел со кревањето во воздух на засолништето на водачот на нацистичка Германија.

„Мојот татко, Николај Фјодорович Шестопалов, добил наредба од врховната команда да го крене во воздух бункерот на Хитлер“, раскажува Тамара. „Тој раководел со група од четворица, но тие на крајот се откажале од таа акција. Градбата била двокатна, со многу дебели ѕидови. Требало 12 тони експлозив да се крене во воздух. Додека сé било поставено и наместено, многумина доаѓале да го гледаат тоа, па војниците ги бркале оттаму. Татко ми ми раскажуваше дека испил чаша вотка додека се спуштал на длабочина од 200 метри. Мислам дека таа вотка не му помогнала, затоа што тоа е само капка за состојбата во која се наоѓал тој. Но, тој ја извршил задачата како што доликува. Не било доволно да се растури зградата, целта била да се прекинат комуникациите“, раскажа Тамара Шестопалова.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња