Путин: На народите на Русија им е во крвта да не се штедат кога околностите го бараат тоа

Работници на московските фабрики со пушки, 1941.

Работници на московските фабрики со пушки, 1941.

Иван Шагин, МАММ / МДФ
Во пресрет на Денот на Победата Путин се сети на својот татко кој 1941 година заминал на фронтот како доброволец. „Тоа беше свесен избор на милиони советски граѓани. Милиони!“

Способноста човекот да не се штеди кога околностите го бараат тоа е во крвта на народите на Русија, истакна Путин во пресрет на Денот на Победата.

Во интервјуто за телевизиската и радио-компанијата „Мир“ во пресрет на одбележувањето на 75-годишнината од Победата, Путин рече дека луѓето често се прашуваат како треба да се однесуваат во критична ситуација. „Пред очи ми се такви примери како што е херојството на нашите војници во Авганистан, како што е подвигот на падобранците на Псковската дивизија кои покажаа масовно јунаштво во услови кои изгледаат невозможно за денешнината. Тоа беа потполно млади луѓе, имаа 19, 20, 21 година. Но, тие се покажаа достојни за оние заштитници на нашата Татковина кои со своите гради ја бранеа 1941 година“, рече претседателот.

Путин исто така се сети на својот татко кој заминал на фронтот како доброволец, иако не морал, не добил повик.

„Патем кажано, беше млад, но сепак зрел човек, имаше 31 година. За него тоа беше свесен избор“, истакна Владимир Путин, истакнувајќи дека тогаш така постапиле милиони советски граѓани.

„Тоа беше изборот на милиони советски граѓани. Милиони! Мојот татко беше меѓу нив“, рече шефот на руската држава.

„Луѓето ги движеше чувството на љубов спрема Татковината. Неопходноста да го заштитат своето семејство, своите блиски и својата земја“, продолжи рускиот претседател. „Се разбира, секогаш треба да паметиме како се однесувале нашите предци: татковците, мајките, дедовците и бабите. И секогаш треба да се раководиме според тоа како тие се однесувале спрема Татковината, Родината, особено ако таа била во опасност. Поаѓајќи од тоа наследство треба да се обликува однесувањето“, смета Путин. „Но, тоа како ќе се однесуваме во слична ситуација, треба да зависи од нас“, додаде шефот на руската држава.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња