Како СССР ги повлече трупите од Источна Европа

Повлекувањето на советските единици од територијата на Источна Германија. Митинг во градот Лутерштат Витенберг по повод заминувањето на првиот ешалон со советски тенкови.

Повлекувањето на советските единици од територијата на Источна Германија. Митинг во градот Лутерштат Витенберг по повод заминувањето на првиот ешалон со советски тенкови.

Јуриј Абрамочкин/Sputnik
Повлекувањето на советските единици од Германија е најголемата мирновременска воена операција во историјата.

1. СССР кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век во Источна Германија држеше импозантни воени контингенти. На територијата на Источна Германија, на Унгарија, на Полска и на Чехословачка беа поставени околу половина милион војници (не сметајќи ги илјадниците цивили кои ја опслужуваа армијата), над 9.000 тенкови, 5.800 артилериски оружја, 12.000 борбени возила, 1.700 воени авиони, 700 хеликоптери, а исто така и оперативно-тактички ракетни системи.

Повлекувањето на руските единици од Естонија. Последниот руски брод во Минското пристаниште кај Талин

2. Драстичните измени во политичкиот живот на СССР, а потоа и во источноевропските држави, целосни го поместија воспоставениот однос помеѓу Москва и нејзините сојузници во Источниот блок. Доведено беше во прашање и самото постоење на „советското НАТО“.

Повлекување на единиците од поранешниот СССР од територијата на Литванија. Единица на противвоздушната одбрана ја напушта територијата на Литванија.

3. Раководството на СССР дејствуваше во духот на Перестројката, односно тежнееше кон разоружување и нормализација на односите со Западот, па им тргна во пресрет на своите тогашни партнери од Источниот блок и желбата на овие земја советските единици да се повлечат од нивните територии. Така Советскиот Сојуз во 1989-1990 година со секоја земја одделно се договори на кој начин ќе се одвива овој процес и колку долго ќе трае тој.

Повлекување на единиците од Латвија. Ешалон пред враќање во РФ

4. Првите единици на Јужната група (вкупно 70.000 војници) почнаа да ја напуштаат Унгарија во јуни 1989 година. „Беше лесно да се повлече јужната група“, пишуваше подоцна нејзиниот командант, генерал-полковник Матвеј Бурлаков. „Советскиот Сојуз тогаш уште постоеше. На дофат на раката ни беа нашите Украина и Русија. Лесно стасавме до границите, а кога ги минавме веќе бевме дома. Војниците, секако, сакаа да се вратат. Полесно беше да се служи во Советскиот Сојуз одошто во Унгарија. Практично не ги ни пуштаа надвор од кругот на касарната. Понекогаш одеа на излет во Будимпешта, а потоа повторно се враќаа во касарната. Не можевме ни да ги распуштиме, Се плашевме од Унгарците, а нашите војници можеа да направат ‘ршум“.

Воена техника ја напушта земјата. Повлекувањето на советските единици од територијата на Унгарија.

5. Повлекувањето на Централната група (92.000) од Чехословачка започна на 26 февруари 1990 година, се одвиваше во три етапи и траеше една и пол година. Кога првиот ешалон со советски тенкови тргна од градот Френштат во Северна Моравија таму имаше стотина новинари од целиот свет. „Тие мислеа дека Чесите ќе ги опсипат 'окупаторите' со клетви, дека ќе ги гаѓаат со домати“, се сеќава пензионираниот полковник на чехословачката армија Станислав Погоржел. „Но, всушност тоа беше емотивен митинг, со оркестар, со цвеќе и со топли зборови за збогување“.

Повлекување на советските единици од Чехословачка, 1989 година. Пионерите од локално училиште топло се поздравуваат со советските војници.

6. На осми април 1991 година започна повлекувањето на Северната група (45.000 војници) од Полска. Тоа заврши во септември 1993 година. Последните повратници повеќе не беа војници на советската, ами на руската армија.

7. Најкрупната група советски единици во Европа беше Западната. Таа се наоѓаше во Германија. Оваа група во 1990 година броеше над 300.000 војници, 200.000 лица цивилен персонал, 5.000 тенкови и 1.700 хеликоптери и авиони. Преместувањето на толкав голем број луѓе и техника беше најголемата мирновременска воена операција во историјата.

Товарење на советската воена техника на траектот „Композитор Мусоргски“ во Росточкото пристаниште. Повлекување на советските единици од Германија.

8. Кога ја доби наредбата да ги повлече единиците, командантот на Западната група Борис Снетиков одби да ја изврши: „Јас нема да ја изведам групата! Маршал Жуков ја основа Групата советски окупациски единици во Германија, ја создаваа угледни генерали, а јас, петнаесетти командант да ја растерам?! Не се занимавам со тоа!“. Поради тоа беше сменет, а на негово место беше поставен генерал-полковник Матвеј Бурлаков, кој претходно беше на чело на Јужната група советски единици.

Повлекување на советските единици од Источна Германија

9. Повлекувањето на единиците од Германија беше завршено во 1994 година. Раководството на обете земји решија свечено да го одбележат овој настан, па на 31 август во паркот Трептов војниците на германската и на руската армија во присуство на претседателот на Русија Борис Елцин и на германскиот канцелар Хелмут Кол положија венец пред споменикот на советскиот војник-ослободител.

Последните руски војници ја напуштаат Германија, 1994 година

10. „Во текот на четириесет и девет години, колку што нашите трупи беа во Германија, никогаш никого не сме заплашувале, но и од никого не се плашевме. Како најмоќна групација на Советските и на Руските вооружени сили, Западната група лесно ја вршеше својата историска мисија, обезбедувајќи мир и стабилност во Европа. Прашање е како би изгледал повоениот свет да не беа советските единици во Германија, Чехословачка, Унгарија и Полска“, рече Бурлаков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња