Маршал Георгиј Жуков. Втора светска војна, СССР
Global Look PressХитлер се самоуби на 30 април 1945 година во Берлин, додека советските единици јуришаа на градот.
Во рапортот на Жуков се наведуваат податоци на контраразузнавачката служба „СМЕРШ“ на 79 стрелачки корпус на Третата ударна армија засновани на сведочење на заробената послуга на највисоките функционери на Третиот рајх.
Во документот се вели дека контраразузнавачите на територијата на Рајхстагот го уапсиле личниот готвач на Гебелс Вилхелм Ланге и началникот на министерската гаража Шнајдер. Тие двајца изјавиле дека Хитлер извршил самоубиство на 30 април, но не знаат каде е погребан, и дека Гебелс и неговата жена извршиле самоубиство на 1 мај во подземната скривница под Рајхстагот.
„За време на симнувањето во подземната просторија на Гебелс покрај влезот во неговиот работен кабинет пронајдени се јагленосани трупови на маж и жена кои Ланге и Шнајдер веднаш ги идентификувале како Гебелс и неговата жена. Дополнително е повикан „генералниот секретар на белорускиот комитет“ Барткевич кој четири години работел во министерството за пропаганда, и тој, исто така, ги идентификувал Гебелс и неговата жена. Кај труповите не се пронајдени никакви документи, но во кабинетот на Гебелс се пронајдени папки со различни документи кои биле запечатени и ставени под стража“, напишал Жуков.
За потврда на добиените податоци утрото на 3 мај било наредено „труповите да им се покажат на петмина заробени генерали, да се документираат нивните изјави и да се фотографираат труповите, детално да се проучи ситуацијата во скривницата и да се дојде до податоци за причината за јагленисување на труповите, по што за сè ќе ви биде дополнително рапортирано“, соопштил маршалот.
Покрај тоа, според Жуков, „истовремено се преземени мерки да се открие местото каде живеел Хитлер во последно време и детално да се истражат сите податоци поврзани со самоубиството на Хитлер“.
Овој извештај се дел од уникатните документи кои Руското воено-историско друштво ги објави по повод 75-годишнината од почетокот на Берлинската стратегиска офанзивна операција на Црвената армија. Во овие материјали од Централниот архив на Министерството за одбрана претставени се автентични извештаи од фронтот, карти, одлуки и потписи на претставници на советската воена команда, од команданти на дивизии до врховниот командант.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче