Приморските реставратори одлучија да врата во „возна состојба“ тенк Т-18 (МС-1) направен пред стотина години. Старинскиот тенк ќе учествува во воената парада посветена на 75-годишнината од Победата во Втората светска војна, соопшти информативната служба на Источниот воен округ.
„Стручњаците за материјално-техничко опслужување реставрираат во Приморјето советски тенк МС-1. Тој моментално се наоѓа на територијата на единицата за сервис и ремонт на Приморската армија на Источниот воен округ“, се вели во соопштението.
Стручњаците ги реставрираа подвижните делови и моторот. „Стогодишникот“ веќе помина стационарно и полигонско тестирање.
МС-1 е првиот тенк од советска конструкција, претходник на сите подоцнежни тенкови од домашно производство. Сериски е произведуван од 1928 до 1931 година. Направени се вкупно 959 тенкови од овој тип во само неколку верзии.
Тенкот има топ „Хочкис“ калибар 37 мм со ожлебена цевка, два митралеза „Фјодоров“ калибар 6 мм и оклоп од валан челик со дебелина 18 мм. Има мали габарити – помал е дури и од современ џип. Развива брзина од 16 км/ч.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче