Кралството Југославија не го спаси СССР од пораз во 1941. Зошто митот е сè уште посилен од фактите?

Воениот  пуч на 27 -ми март 1941

Воениот пуч на 27 -ми март 1941

Отворени извори
Еден од главните митови во повоена Југославија кој до денешен ден живее е пучот од 27 март и германскиот напад на Југославија кој дошол откако била одложена инвазијата на Советскиот Сојуз. Според овој мит, токму тој месец одиграл клучна улога за Германците во близината на Москва да ги фати зимата, што го попречило извршувањето на нивната операција.

Зошто митот денес е посилен од фактите?

Темите за Втората светска војна веројатно нема да бидат затворени сè дури има луѓе на планетава. Особен предмет за дебата кај историчарите, но и во чаршиските кругови остануваат „спорните“ моменти каде историскиот тек можел да добие сосема поинаква насока. Едно од таквите места е битката за Москва, каде се решавала судбината на Советскиот Сојуз. Сè поголемиот отпор на Црвената армија, истрошеноста на германските офанзивни ресурси, издолжените линии на комуникација, студенилото, резервите на Црвената армија од истокот – факторите за пораз на Германците во оваа решавачка битка се бројни. Сепак, поразената страна, пред сè германските генерали, често се обидувале своите порази да ги оправдаат со доцнењето на роковите или некој од споменатите фактори го преувеличуваат за да го оправдаат својот пораз и својата загуба во војната. Во врска со ова, историчарите, политичарите и државниците од Балканот (од Југославија и од Грција) со децении им го раскажуваа на народот на своите држави митот дека токму отпорот и настаните кои биле поврзани со нивните држави неколку месеци пред нападот на СССР, одиграле пресудна улога и дека историјата на човештвото поради нив тргнала во друга насока.

Кон крајот на октомври 1940 година ескадрили авиони на Велика Британија беа поставени на грчките острови Крит и Лемнос како помош на Грција. Како поддршка за одбивање на италијанската агресија, грчката влада барала на нејзината територија да бидат поставени не помалку од 9 британски дивизии. Стравувајќи за романските нафтени полиња кои за германската воена машинерија беа пресудни, но и сакајќи да му помогне на својот сојузник Италија, на 4 ноември Адолф Хитлер издал наредба да се подготви операција со цел операција на Грција. Операцијата требало да се изведе од територијата на Бугарија. На 13 декември 1940 година потпишана е директива за изведување на операцијата „Марита“ (лат. сопруга). Подготовките за изведување на овој план требало да бидат готови до март 1941 година до кога требало да се заврши прашањето за Југославија. Планирано било во нападот на Грција да учествуваат 24 германски дивизии.

Следната директива која е издадена на 19 декември 1940 година била поврзана со операцијата „Барбароса“. Според оваа директива, групирањето и подготовката на германските сили требале да се извршат на границата со Советскиот Сојуз до 15 мај 1941 година, додека за датумот на нападот одлучувал самиот фирер.

Поради тоа што војната помеѓу Италија и Грција се одолговлечила поради тоа што Италијанците ги прецениле своите сили, владата на Грција сè повеќе барала помош од Велика Британија за да ги зацврсти своите позиции. Помошта од Британија освен од авијација, стасала и во вид на австралиски и на новозеландски пешадиски дивизии, а исто така и на тенковски бригади во вид на експедициски корпуси кои биле поставени до крајот на март. За тоа време, германските вооружени сили преку територијата на Романија, од почетокот на март 1941 година почнале да ги распоредуваат своите сили на територијата на Бугарија од каде требало да тргнат кон главната цел на нападот. Така германскиот напад на Грција поради обезбедување на јужното крило од можните британски напади и поради помошта на Мусолони бил определен уште кон крајот на 1940 година. Настаните во Југославија биле попатна станица.

Во меѓувреме во Југославија ситуацијата се развивала според веќе добро познатото сценарио. Два дена по потпишувањето за пристапување кон Тројниот пакт на 25 март доаѓа до познатите мартовски демонстрации и пучот кои го исфрлиле кнезот Павле од власта. И додека пучот бил делумно поддржан од страна на Велика Британија, додека улогата на СССР не била до крај разјаснета, пресудна улога имале внатрешните сили. Треба да се каже дека овие сили постоеле и во време на формулирањето на кнезот Павел и Стојадиновиќ во времето на слабеење на Малата Антанта, како и дека тогаш биле одржувани масовни демонстрации за поддршка на колективниот систем на безбедност. Овие сили, меѓутоа, не успеале во своите планови. Проблемот со пучот бил во тоа што до новиот стратешки надворешнополитички пресврт дошло во сосема неповолни стратегиски околности. Новите власти во Југославија барале помош на сите страни, вклучувајќи го и Советскиот Сојуз. Хитлер бил бесен поради новите промени во Југославија и сакал да ја казни.

Рено Р-35 во Белград на 27 март

Априлската војна во Југославија, како што е познато, е завршена за 12 дена. Достоен отпор дало само воздухопловството на КЈ кое било составено од елитни родови војска. Сепак, во однос на вкупните ресурси, германските загуби на секое поле биле занемарливи. Делови на 14 панцер- дивизија биле префрлени од советско-германската граница. Додека веќе групираниот дел на германските сили бил сосема доволен за извршување на задачите. Југословените не се единствените кои претендирале на митот за „спасоносното германско одложување на нападот на СССР“.

Ситуацијата со Грција одела нешто потешко. Копнениот дел од Грција паднал до 30 април. Пучот во Југославија позитивно влијаел на германските планови зашто дел од германските сили продрел во северна Грција од правецот на Македонија, заобиколувајќи ја на тој начин линијата „Метаксас“. Фактот што поголем дел од грчките единици се наоѓале на фронтот кон Италијанците во Албанија исто така одиграл улога за германската операција да заврши побрзо. Меѓутоа, во нападот на Грција германските загуби биле занемарливи, имало само околу 1.400 загинати и исчезнати и нешто над 4.000 ранети. Најкрвавиот дел од германската кампања во Грција претставувал нападот на Крит кој е завршен на 1 јуни со победа на Германија. Доколку ја набљудуваме оваа операција одделно од освојувањето на копнениот дел на Грција, таа претставува единствено место каде Германците претрпеле сериозни загуби во луѓе и во воздухопловството во операциите во Југославија и во Грција и тоа пред сè поради тоа што војната се водела во најголем дел против единиците на Велика Британија. Што се случувало во меѓувреме на север?

Веќе на почетокот на мај 1941 година делови на 2 германска армија и 1 тенковска група биле повлечени од Југославија и зеле учество во нападот на Советскиот Сојуз од самиот почеток на војната. Само неколку пешадиски дивизии останале на територијата на Југославија за зачувување на заднината. Германската војска го извршила планираното групирање на силите до 15 мај. Операцијата морала да биде одложена поради пролетта до почетокот на јуни, кога земјата станала поволна за пресврти на моторизираните единици.

Операциите во Југославија и во Грција не влијаеле пресудно ниту на роковите за почетокот на операцијата „Барбароса“, ниту на човечките и материјалните загуби на Вермахтот кои можеле да го одложат германскиот напад на СССР. Германската команда веќе кон половината на јули 1941 година сфатила дека поставените цели за операцијата „Барбароса“ (линијата Астрахањ – Архангељск) се сосема нереални, па затоа ги редуцирала целите на операцијата, при што во новонастанатите околности морало да се сменат приоритетите и правците на напад. Вистинската причина за пропаста на операцијата „Барбароса“ и покрај крупните успеси на германската војска (и нејзините сојузници) лежи во фактот што германската команда на чело со Хитлер ги потценила ресурсите на Советскиот Сојуз, подготвеноста и духот на народот да води војна. Веќе на крајот на 1941 година по поразот кај Москва, Тихвин и Ростов, на Германците им станало јасно дека оваа војна нема да биде молскавична.

Митот кои и понатаму живее во земјите од поранешна Југославија и во Грција настанал по Втората светска војна за да се подигне значењето и улогата на балканските држави во исходот од крупните историски настани. Доколку зборуваме за придонесот во победата над Германија во Југославија и во Грција, тоа секако повеќе би се однесувало на масовните партизански движења кои биле присутни во овие држави надвор од границите на СССР.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња