Обелоденети алтернативни сценарија за организација на Парадата на Победата во Москва

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Поради епидемијата на коронавирус може да дојде до корекција на плановите за организација на Парадата на Победата на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.

Во Кремљ и Министерството за одбрана на Русија се разгледуваат алтернативни сценарија за оваа манифестација, пишува весникот РБК повикувајќи се на извори на Григориј Берјозкин.

Властите конкретно ја разгледуваат варијантата за одлагање на парадата за наесен и нејзино поврзување со прославата на годишнината од завршувањето на Втората светска војна, која целиот свет ја одбележува на 2 септември. Пратениците на Државната Дума на 1 април во првата расправа усвоија нацрт-закон со кој се пропишува поместување на одбележувањето на завршувањето на Втората светска војна за 3 септември.

Се разгледува и варијантата за организирање на свеченоста на почетокот на ноември. Имено, на 7 ноември 1941 година, во екот на битката за Москва, одржана е воена парада на која лично присуствува Сталин.

Третата варијанта е одржување на Парадата на Победата на 9 мај, како и секогаш, но без гледачи. Првите две сценарија подразбираат комплетна реализација на прославата во полн формат.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња