Сергеј Шојгу сподели сеќавања за своите вујковци и објасни проект за голема братска гробница

kremlin.ru
„Одлучивме да собереме земја од сите заеднички гробници на советската, руската војска ширум светот и таа земја да ја донесеме на ова место. Тоа ќе биде своевидна голема братска гробница. Ние не знаеме утре кој како ќе се однесува и кои споменици ќе почнат да ги рушат“, рече Шојгу.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу објави на сајтот на проектот на министерството „Патот на сеќавањето“ приказна за членовите на своето семејство кои учествувале во Втората светска војна, пренесе рускиот телевизиски канал „Ѕвезда”.

„Тоа се двајцата мои вујковци: Иван Јаковлевич Кудрјавцев и Василиј Јаковлевич Кудрјавцев, двајца луѓе достојни за почит. Едниот како обичен војник ја поминал целата војна, а другиот бил воен лекар и исто така фактички ја поминал целата војна. А по војната помина уште пет години во Германија како лекар. Се разбира, би можел да ја вбројам тука и мајка ми, но не мислам дека може да се каже дека учествувала во војната, затоа што сите тие години ги поминала под окупација“, рече Шојгу.

„Патот на сеќавањето“ е проект на Министерството за одбрана на Русија, чија цел е да го овековечи сеќавањето на Втората светска војна. Собраните материјали ќе бидат изложени во истоимената галерија покрај Главниот храм на Вооружените сили на Русија во подмосковскиот парк „Патриот“.

Сергеј Шојгу исто така објасни зошто од заедничките гробници на советските војници се собира земја која ќе биде изложена покрај Храмот.

„Замислете едно семејство чиј татко отишол во војна и исчезнал без трага. И вие не знаете каде му е гробот, каде можете да одите за да се поклоните на неговите остатоци и мислите на него. Затоа направивме друг чекор: одлучивме да собереме земја од сите заеднички гробници на советската, руската војска ширум светот и таа земја да ја донесеме на ова место. Тоа ќе биде своевидна голема братска гробница. Ние не знаеме утре кој како ќе се однесува и кои споменици ќе почнат да ги рушат. Би сакале човекот кој ќе дојде на ова место да знае дека тоа е земја од таа гробница, од тоа и тоа место. За да оние кои ги барале своите исчезнати роднини и не ги нашле имаат место на кое можат со нив да го одржат односот“, објасни шефот на рускиот воен ресор.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња