Путин: „Русија ќе му одговори на секој агресор како СССР на фашистите“

kremlin.ru
Путин се сети на зборовите напишани во мај 1945 година на фасадата на Рајхстагот: Можеме и да повториме!

Русија е подготвена да му одговори на кој било агресор што ќе се обиде да го повтори нападот на Хитлерова Германија врз Советскиот Сојуз, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Коментирајќи ја паролата: „Можеме и да повториме“ Путин потсети и на зборовите на Александар Невски „Кој ќе ни дојде со меч, од меч и ќе загине“.

„Советскиот Сојуз беше подложен на многу страшен, ужасен, непростлив напад од страна на нацистичка Германија. Изгубивме 27 милиони луѓе“, рече претседателот. „Нема земја на светот што претрпела таква загуба. И ако некој се осуди да стори нешто слично, ќе го повториме тоа“, изјави Путин во интервју за ТАСС.

Тој нагласи дека Русија никогаш не сакала и сега не сака таков развој на настаните. Зборувајќи за популарните налепници на автомобилите поврзани со Денот на Победата, шефот на државата пофали уште една варијанта „Фала му на дедо за победата“.

Зборовите „можеме да повториме“ напишани со креда се појавија на фасадата на Рајхстагот во мај 1945 година и ги има во многу филмски и фото хроники. Во целосната верзија натписот гласи вака: „За напад на Москва, за гранатирањето на Ленинград, за Тихвин и Сталинград. Помнете и не заборавајте. Инаку можеме и го повториме тоа“ („За налеты на Москву, за обстрел Ленинграда, за Тихвин и Сталинград. Помните и не забывайте. А то можем и подовторить“ - зборот подовторить  карактеристичен за псковскиот говор).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња