Војниците подигнаа од дното на Црното море торпеден чамец Г-5 од времето на Втората светска војна. Ова го соопшти прес-службата на Црноморската флота.
„Екипажите на бродовите од составот на спасувачкиот одред за управување со операции за потрага и спасување на Црноморската флота извадија од водата труп на торпеден чамец Г-5 кој потонал во Втората светска војна“, се наведува во соопштението.
Чамецот е откриен на влезот во Карантинскиот залив, каде во текот на 250-дневната одбрана на Севастопол од германско-фашистичките освојувачи се наоѓаше базата на торпедните чамци. Иако долго време се наоѓаше во вода, трупот на чамецот е сочуван во целост.
„Пред почетокот на кревањето на чамецот реонот под вода е прегледан со помош на подводен апарат на далечинско управување. Прицврстувањето на објектот за дигалката го реализираа четворица нуркачи, а чамецот го крена пловечка дигалка“, соопшти прес-службата.
Специјална комисија ќе ги проучи околностите под кои потонал чамецот. Можно е овој Г-5 да биде сместен во музеј.
Г-5 е проект на советски торпедни чамци од 30-тите години. Тестирањата на чамецот почнаа на 15 февруари 1933 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче