Војниците на Источниот воен округ поминаа околу 150 километри само на скии или закачени со сајла за моторни санки „Варјаг“ движејќи се по најсликовитите предели на Бајкалското езеро. На предвидената дестинација мештаните, претставници на локалната власт, членовите на детското движење „Јунармија“ и ветераните им приредија на војниците свечен дочек, по што се вклучија во комеморативните активности во спомен на комплексот посветен на паднатите советски војници во текот на Втората светска војна.
Во овој момент, по месец дена, поминати се преку три илјади километри по маршрутата од Хабаровск до Москва која вкупно изнесува 8,5 илјади километри.
„Конечно стигнавме до Бајкалот, убавината е просто неопислива. Цело време едвај го чекавме Бајкал, тоа е знаменитоста на нашата земја. Очекувавме санти мраз, но Бајкалот е рамен, сé е едноставно прекрасно. Немаше тешкотии при движењето по езерото, ако го исклучиме ветрот што дуваше в лице, но тоа е вообичаено. Ние сме подготвени за тоа, совладуваме сé, и санти, и снег, и поледица“, рече Анатолиј Рудник, еден од учесниците во походот.
Припадниците на руската војска сега ги очекува една од најпредизвикувачките делници – планинскиот провлак во прибајкалската зона, по што патот ќе биде продолжен во правец на градот Ангарск во Иркутската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче