Советска радио-станица пронајдена во ископини на римска вила во Германија

Радио-телеграфист прима вести од советското информбиро, Втора светска војна.

Радио-телеграфист прима вести од советското информбиро, Втора светска војна.

Сергеј Лоскутов/Sputnik
При ископувањето на римска вила во шумата Хамбах близу Келн, археолозите од Рајнската регионална асоцијација пронајдоа засолниште од времето на Студената војна. Во херметички затворена метална кутија се наоѓаше советска дигитална радио-станица Р-394КМ „Стриж“.

Пронајдена е во август 2019  година, но научниците дури сега решија да го обелоденат тоа.

„Сé во кутијата беше внимателно спакувано во хартија, така што сето сé уште „мириса на фабрика“, изјави за порталот Live Science археологот Ерих Класен.

Утврдено е дека радио-станицата Р-394КМ е направена во Советскиот Сојуз 1987 година и дека била во арсеналот на земјите од Источниот блок. Според мислењето на археолозите, уредот можел да биде користен за испраќање тајни извештаи во Советскиот Сојуз за нуклеарниот истражувачки центар во Јилих или за воената воздухопловна база во Нервених, каде до 1995 година беа распоредени американските нуклеарни ракети „Першинг 2“. Во прилог на оваа верзија зборува фактот дека засолништето се наоѓало на потполно еднакво растојание (околу 10 километри) од овие стратешки објекти. Бидејќи „Стриж“ е зачуван во „фабричка“ состојба, се претпоставува дека не е користен.

Според податоците што ги изнесува Crypto Museum, оваа радио-станица е направена за работа на фреквенција во опсег од 1,3 до 13,5 мегахерци со предавател кој има домет околу 1200 километри. За наведениот модел е карактеристичен дигиталниот систем за размена на пораките кои се испраќани во шифриран вид, во групи од по пет цифри. Во зависност од режимот на работа, било можно да се испраќаат од 12 до 167 групи цифри во минута.

Во пронајдениот комплет имало слушалки, појас со дополнителни батерии, полнач, рачен агрегат, телескопски столб, шрафцигер и сет резервни делови.

Радио-станицата може да се види во музејот LVR-Landes во Бон, каде ќе биде изложена до 29 март.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња