Црноморската флота навреме дозна за новиот поход на бродовите на американската Воена морнарица недалеку од нејзината зона на контрола, како и најверојатното повредување на границата. Стануваше збор за крстосувачот „Јорктаун“ и за разорувачот „Керон“.
Во штабот беше разработен план за следење на американските бродови и за евентуално давање отпор. Задачите ги добија екипажите на патролните бродови „Безаветни“ и „СКР 6“. Командантот на групата, капетанот од втора класа Николај Михеев, доби наредба прво да ги спречи Американците да влезат во територијалните води на СССР, а ако нема реакција тогаш да извршат „напад“, маневар сличен на истурање, кога бродот тангенцијално ќе ја закачи бочната страна на престапникот, принудувајќи го да го промени курсот.
Како што претпоставуваше командата на Црноморската флота, екстремните мети мораа да бидат применети. Американската команда на предупредувањето за влегување во акваторијата на Советскиот Сојуз одговори дека ништо не прекршува и дека нема да го промени курсот во согласност со „правилата за слободен премин“.
Целта на „Безаветни“ со депласман од три илјади тони беше трипати поголемиот „Јорктаун“ (депласман од 9.2 илјади тони). На малиот „СКР 3“ со депласман од само 1.3 илјади тони му припадна „Керон“ од 7.8 илјади тони. Капетаните на патролните бродови имаа исклучително опасна задача, крстосувачот и разорувачот можеа без проблем да ги уништат. Но, екипажите на американските бродови не очекуваа решителни дејствија од советските морнари зашто беа свесни за својата предност. Како што подоцна се сеќава Николај Михеев, екипажот на „Јорктаун“ се собрал на палубата каде морнарите и офицерите со смеење покажувале непристојни гестови, се фотографирале и се снимале со камера. Снимките од амбиентот на бродот во моментот на напад, присутни се на Интернет во голем број.
Приближувајќи се најпрво на растојание од четириесет метри, а потоа намалувајќи го на десет, капетаните на советските бродови добиле потврда за наредба „да се дејствува според планот за операција“. Првиот напад на „Безаветни“ бил под агол од околу триесет степени на левата страна од американскиот крстосувач. За време на ударот сидрото на патролниот брод ја скинало оплатата на „Јорктаун“, на кој од триењето се запалила бојата. До пред само неколку моменти веселите членови на екипажот на крстосувачот се разбегале од палубата во одделенијата, а командирот поитал кон капетанскиот мост.
Владимир Богдашин кој командувал „Безаветни“ го спасил бродот од критичната ситуација по ударот и извел друг напад, посилен и поефикасен. Ударот бил по хелиодромот каде биле отсечени сите сајли. Патролниот брод ја искинал оплатата на надградбата, го урнал командниот чамец и лизнал на крмата, каде го оштетил лансирниот уред за ракетите „Харпун“. Два контејнери биле уништени, а на ракетите им паднале боевите глави. Подоцна излегло дека на крстосувачот избил и пожар.
Нападот на „СКР-6“ врз „Керон“ не предизвикал толку сериозни последици. Разорувачот му се приближил на „Безаветни“ за заедно со „Јорктаун“ да го стегне во клешти. Николај Михеев на овие дејствија изреагирал така што наредил да се подготви за лансирање фрлачот на реактивни бомби РБУ-2000 во насока на двата американски брода. Кога тоа го видоа, американските бродови се свртеа, но на крстосувачот започна подготовка за полетување на двојка хеликоптери.
Откако го извести командниот центар, Николај Михеев на противниците им соопшти дека нивните хеликоптери во случај на полетување ќе бидат соборени поради нарушување на воздушниот простор на Советскиот Сојуз. Предупредувањето немало никаков ефект. Американците ги запреле своите летала дури откако над нив се појавиле два „до заби“ вооружени Ми-24. Групата советски хеликоптери се наоѓала во близина.
На „Јорктаун“ и на „Керон“ им останало само да ги напуштат советските територијални води. Командата на американските бродски групи водеше преговори со своите претпоставени околу 24 часа, а следниот ден зазеде курс во насока на излегување од Црното море.
Овој настан воените историчари го нарекоа и „црвен тарански удар“, „последен инцидент во студената војна“ и „денот кога можеше да започне Третата светска војна“. Но, без оглед на тоа како се нарекува овој настан, ефектот на решителните дејствија на советските морнари беше очигледен, провокациите од страна на американската Воена морнарица одеднаш исчезнаа.
Ги нема повеќе ни бродовите кои учествуваа во инцидентот. Бродот „Безаветни“ во 1997 година беше предаден на Украина, каде го смени името во „Днепропетровск“. Повеќе не беше во составот на активните бродови, а во 2005 година беше демонтиран и испратен во Турција. На тој пат овој патролен брод потона.
„СКР-6“ беше избришан од составот на Воената морнарица уште во 1990 година кога беше рециклиран.
Крстосувачот „Јорктаун“ беше отпишан во 2004 година. Се наоѓа во базата за одржување резервни бродови на Воената морнарица на САД во Филаделфија.
Разорувачот „Кетон“ излезе од употреба уште во октомври 2001 година, за неколку години подоцна да потоне на подрачјето на морнаричката база во Порторико за време на субверзивни тестирања на единиците.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче