Симната ознаката за тајност од руските документи за Конференцијата во Јалта

Премиерот на Велика Британија Винстон Черчил, претседателот на САД Френклин Рузвелт и лидерот на СССР Јосиф Сталин

Премиерот на Велика Британија Винстон Черчил, претседателот на САД Френклин Рузвелт и лидерот на СССР Јосиф Сталин

U. S. Signal Corps / Library of Congress, Franklin D. Roosevelt Library & Museum.

Руското Министерство за одбрана отвори на својот сајт нов сегмент, посветен на 75-годишнината од конференцијата во Јалта на тројцата лидери на земјите на антинацистичката коалиција. Заклучоците од оваа конференција беа од клучно значење за формирањето на повоената структура на светската безбедност, вклучувајќи го и основањето на Обединетите нации.

Конференцијата се одржа во Јалта од 4 до 11 февруари 1945 година. Во неа учествуваа биле вклучени претседателот на САД Френклин Рузвелт, премиерот на Велика Британија Винстон Черчил и лидерот на СССР Јосиф Сталин.

Новиот сегмент, заснован на уникатни документи од фондовите на централниот архив на воениот ресор, е продолжение на активностите на руското Министерство за одбрана со цел зачувување и заштита на историската вистина, борба против прекројувањето на историјата и обидите за фалсификување на резултатите од Втората светска војна.

Документите зборуваат за тоа како силите на Црноморската флота внимателно и сеопфатно го подготвувале одржувањето на конференцијата во Јалта.

„Организацијата на безбедносната на историскиот состанок на лидерите на сојузничките земја за време на војната, на територија на која сосем неодамна се воделе крвави борби, барала најсериозна подготовка, вклучително и работи за обнова на градот и инфраструктурата“, објаснува Министерството за одбрана на РФ.

Се наведува е дека во воспоставувањето на сигурни врски за комуникација, деминирање на крајбрежјето, заштита на небото, копното и морето во близина на Јалта, организирањето на свеченостите во чест на високите гости учествувале многу луѓе, штабови и специјални единици од различни видови и родови на војската.

Значителен дел од документите зборува за тоа како е обезбедена заштита на Јалта од можни обиди за напад на непријателот. Тие активности биле реализирани заедно со војската на САД и Велика Британија.

На новиот сегмент на сајтот првпат се објавени и уникатни снимки од настани што ѝ претходеа на конференцијата. „Посетата на Винстон Черчил на Сапун-брдо, екскурзијата на припадниците на американската морнарица до видиковецот, заеднички ручек на Англичаните и Американците со хероите на Црноморската флота. На снимките јасно се гледа како изгледал градот по заминувањето на германските окупатори“, објави руското Министерство за одбрана.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња