Историчар: Лекари од блокадниот Ленинград им ги спасија животите на логорашите во Аушвиц

Archive photo/TASS
Бројни историски документи сведочат дека во ослободувањето на логорот на смртта во Полска учествувале лекари од блокадниот Ленинград, кои исто така организирале лекување на преостанатите заточеници, благодарение на што повеќето преживеале.

Лекари од Ленинград кои нацистите ги држеа под блокада за време на Втората светска војна ги лекувале преживеаните логораши од Аушвиц, поради што смртноста е значително намалена, изјави за новинската агенција РИА „Новости“ директорот на фондот „Историско сеќавање“ и научен соработник на институт за руска историја на РАН Александар Дјуков.

Како што наведе тој, покрај лекарите, во ослободувањето на Аушвиц учествувале војници една година претходно ја пробиле блокадата на Ленинград, а многумина од нив биле ленинграѓани.

„По тој повод треба да се укаже дека на големите нацистички злосторства како што се Холокаустот и блокадата на Ленинград им се застана на пат на истиот датум во интервал од една година. Имено, на денешен ден 1944 година советските трупи ја пробија блокадата на Ленинград за една година подоцна да го ослободат Аушвиц“.

Коинциденција која јасно зборува за меѓусебната поврзаност на нацистичките злосторства, рече Дјуков.

Оваа година се одбележува 75-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња