Рускиот претседател зборуваше на оваа тема во вторникот, 10 декември, на заседанието на Советот за развој на граѓанското општество и човекови права.
„Може ли Русија повторно да се измисли? Ние треба да се потпираме на она што е и што било. Треба да се потпираме на рускиот народ. Тоа е сложен поим - „руски народ“. Велите: Руси, Руси. Кои се Русите? До IX век практично никакви Руси не ни постоеле. Народот се формирал постепено од многу етноси, пред сè словенски, но не само од нив, туку и од угро-финските и други. На југ, во каганатот, сите ги нарекувале Евреи. Дали тие биле етнички Евреи или не? Постои мислење дека Евреите се разотиделе по територијата на цела Европа. Зар не?“, рече Путин.
Претседателот заклучи: „Тоа воопшто не биле библиски Евреи од Синај, туку сосема различни луѓе, кои немаат никаква врска со еврејството. Тие само исповедале јудаизам во каганатот, кој се наоѓал на бреговите на Азовското и Црното море. И тоа е исто така наш етнос, кој рускиот народ го примил во себе. Тоа е природен развој, кој е невозможно да се запре, а тоа не е ни потребно“.
Путин исто така додаде дека од постојните слоеви на историјата треба да се избере најдобриот пат на развој:
„Треба, потпирајќи се на сè што сме добиле од слоевите на нашата длабока, многу интересна и богата историја, да го избереме најдобриот пат на развој во краткорочна перспектива и во историска перспектива. И ние, секако, можеме да го сториме тоа, потпирајќи се на нашите луѓе кои искрено, но одговорно се однесуваат спрема нашата Татковина“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче