Денес е празничен ден во Русија за сите припадници на Воената морнарица - Ден на Андреевското знаме, соопштува ТВ „Ѕвезда“. Тоа денес полни 320 години. Андреевското знаме и денес е симбол на честа и храброста на припадниците на руската морнарица.
На 11 декември 1699 година Петар Велики го прогласи белото платно со син крст за официјално знаме на руската морнарица, овековечувајќи го името на Андреј Првозвани, светиот покровител на руската земја. Крстот го симболизира распетието на апостолите.
Андреевското знаме првпат е подигнато 1699 година на крмата на едреникот „Орел”. Ова знаме беше многу почитувано во Руската Империја. Капетаните на бродовите, кога пред битка му се обраќаа на екипажот, велеа: „Со нас се Господ и Андреевското знаме!”
Овој симбол ја красеше и чуваше руската Воена морнарица до 1917 година. Во советската ера беше отстранет, а повторно вратен во употреба по распадот на СССР. Обичајот остана непроменет: на бродовите на Руската Воена морнарица свечено се крева знамето секое утро со звуци на рог.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче