Херојската епопеја која започна за време на одбраната на руската воено-поморска база која се наоѓаше на тлото на Кина, започна во мај 1904 година. На почетокот на Руско-јапонската војна Царска Русија немаше доволно време правилно да го подготви Порт-Артур за упорна одбрана. Сепак, Русите во своите редови го имаа генерал-полковникот Роман Кондратенко, специјалист за дефанзивна војна, која подразбираше изградба на голем број утврдени положби во мошне организираниот систем на одбрана. Тој успеа на војниците од гарнизонот Порт-Артур да им се изгради исклучително цврсто упориште, кое со месеци за овој дел од фронтот беше поврзано со јапонскиот генерал Ноги Мересуке и неговите 200 илјади војници, пренесува Интернет-порталот РГ.
Покрај одлично организираната одбрана, причината за ваквата висока жилавост на гарнизонот Порт-Артур се огледа во вештите и способни луѓе од кои беше составен (покрај добро увежбаната пешадија во гарнизонот имаше и морнари). Исто така, руската армија за првпат примени и бројни новини кога станува збор за борбената техника и вооружувањето. Гарнизонот беше опремен со мерзери со голем калибар, брзострелни хаубици, митралези Максим, прегради од бодликава жица низ која била пуштена струја и рачни бомби.
Се верува дека за време на борбата за Порт-Артур за првпат е применето ново оружје со уфрлена патека, попознато како минофрлачи. Го конструирале поморскиот офицер Власев и капетанот Гобјато. Тука во текот на одбранбената фаза на битката е применета и тактиката на противелектронска борба.
Еден од клучните аспекти на оваа битка е масовна појава на руските војници кои биле опремени со снајперски пушки. Британскиот воени известувач Норигард кој се наоѓаше во редовите на јапонската војска напишал „доколку тие (се мисли на јапонските војници), само за момент се деконцентрираа и ги извадија своите глави над рововите, на лице место можеа да бидат стрелани. Русите на овој фронт ги имаа испратено своите најдобри стрелци“.
Тврдината во Порт-Артур и нејзините бранители со голем успех скршиле три големи јапонски напади. Откако на генералот Ногиј му се испратени дополнителни сили, тој кон крајот на ноември започнал општ напад на целокупната линија на фронтот. Како што пишува историчарот Антон Кресновски, ударот беше фокусиран кон два правци, и произведе низа боеви кои се водени со неверојатен интензитет на топографскиот објект Високаја. Битката траеше цели девет дена, во кои Јапонците и покрај неверојатното залагање на крајот се поразени.
Немајќи каде, генералот Ноги во еден момент се решил за ноќен напад. Тој собра група од околу три илјади доброволци, потомци на прочуените јапонски самураи кои имале задача во ненадеен напад со бајонети и катани конечно да ја разбијат руската одбрана. Со оглед на тоа за судбоносен напад кој требал да доведе до битка гради в гради, Јапонците на себе облекле бели чаршави и други светли ткаенини за да се разликуваат од непријателот.
Јапонскиот „бел одред“ под команда на генерал Накамура се собрал во Кимиренската редута и под закрилата на ноќта, без ниту еден испукан куршум, ги совладал артилериските позиции на Куганојската батерија и навлегол во заднината на Источниот фронт. Меѓутоа, врз оваа група која продирала низ мртва темница, е извршен силен противудар од страна на руските морнари на чело со поручникот Мисников.
Според пишувањата на британскиот историчар Норигард, руските морнари во овој судар покажале незапаметено јунаштво. „Двете страни диво се бореа, особено Русите кои во текот на оваа борба демонстрираа беспримерна храброст. Не постои сила која можеше да го запре нивниот маестрален напад. Генерал Накамура беше тешко ранет, додека на бојното поле остана да лежи полковникот Окуба. Илјадници јапонски војници беа неутрализирани“.
Без оглед на хероизмот на гарнизонот Порт-Артур, руските генерали Фок и Стесељ на 5 јануари 1905 година го предале во рацете на непријателот. Јапонците за време на опсадата на овој гарнизон имале околу 100 илјади загинати војници и офицери. Серијата на овие битки особено негативно дејствувалa на генералот Ногиј Мересуке, кој неколку години подоцна изврши самоубиство. Баронот Стесељ три години подоцна е осуден на смртна казна поради предавањето на овој гарнизон, при што е расчинет, а одземени му беа и сите награди и одликување кои ги стекнал за време на активната воена служба. Меѓутоа рускиот цар Николај Втори во 1909 година донел акт за помилување на рускиот генерал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче