Како руски пилот и Волт Дизни станаа втемелувачи на американското воено воздухопловство

Getty Images, Scherl/Global Look Press
Благодарение на необичната соработка на еден руски пилот и на познатиот американски аниматор милиони Американци сфатија дека иднината му припаѓа на военото воздухопловство.

Денес светските воени сили се сложуваат дека военото воздухопловство е најважната вооружена сила. Некои војни се добиваат исклучиво со помош на воздушни напади без ниту еден пешадија. Тоа е сега лесно, но во првата половина на 20 век немало многумина кои тоа го сфаќале.

Во Првата светска војна дошол до израз високиот потенцијал на авијацијата, но многу земји и понатаму сметале дека тоа е секундарна сила чија задача е само да им дава поддршка на копнените единици и на воената морнарица. Ваквото сфаќање преовладувало и во САД каде авијацијата не била дури ни посебна структура, ами само еден род на војската.

Многумина поборници на военото воздухопловство се залагаа ваквата состојба да се смени и на военото воздухопловство да му се даде поголемо значење. Прочуениот аниматор Волт Дизни му помогнал на еден од нив, на поранешниот пилот Александар Северски, своите ставови да им ги објасни на милиони луѓе.

Пропаганда на стратешката авијација

Северски ја познавал авијацијата од прва рака. Бил воен инженер и пилот на воен авион. Во Првата светска војна извршил 57 мисии и го сметале за еден од најдобрите пилоти во Русија. Болшевичката револуција го принудила да се пресели во САД каде се покажал како извонреден теоретичар на авијацијата и пронаоѓач. Меѓу другото го пронашол најпрецизниот нишан за бомбардирање и проектирање на првиот современ американски ловечки авион Р-35.

Мајорот Александар П. Северски покрај својот авион, 29.6.1933 година.

Александар Северски, меѓутоа, стекнал поголема популарност како поборник на военото воздухопловство. Неговата најважна идеја се состоела во тоа дека авијацијата во суштина е стратешко вооружување. Стратешките бомбардери летаат над непријателските армии и флотата, уривајќи ја непријателската престолнина, владата, индустријата и најважните подрачја, му задаваат удар во срцето на непријателот.

Денес овие предности на стратешката авијација се очигледни, но во текот на дваесеттите и на триесеттите години од минатиот век многу политички и воени лидери не биле подготвени да го финансираат и да го снабдуваат развојот на сомнителните проекти на стратешката авијација, придржувајќи се на старата тактика, односно на примена на тактички бомбардери.

Северски го критикувал ваквиот пристап зашто според него военото воздухопловство не треба да го троши својот единствен потенцијал за давање тактичка поддршка на единиците на фронтот, ами да се концентрираат на стратешките мисии. Доколку авијацијата ја заврши својата работа на соодветен начин, окупацијата на непријателската територија ќе биде застарена концепција и повеќе нема да биде цел на војување.

Само стратешките бомбардери можеле да го принудат непријателот да падне на колена: „Ако му го исфрлиме на непријателот оружјето од рацете и ако го направиме слаб, тогаш можеме да го исцрпиме и со помош на авијацијата да го принудиме да се потчини“, тврдел тој.

Северски се наострил на морнарицата

Александар Северски особено ја критикувал морнарицата. Тврдел дека поморските сили се застарени и дека воените бродови не можат да се носат со сè поголемата доминација во воздухот.

Новиот авион-амфибија кој го проектирал и го направил мајорот Александар Северски. На фотографијата Северски мавта од кабината на авионот, 14.6.1933, Њујорк.

Тој во своите статии остро се спротивставувал на создавањето на големи и скапи флоти: „Нашата голема морнарица во два океана, која чини ногу милијарди долари и сега е во фаза на изградба, треба да биде комплетирана за пет или за шест години, односно токму во времето кога сите нејзини воени бродови ќе станат старо железо“.

Парите потрошени за еден воен брод подобро би било да се вложат во стотина стратешки бомбардери. Секој бомбардер теоретски можел да го уништи или да го онеспособи главниот непријателски воен брод. Ваквите бомбардери би можеле едноставно да ги игнорираат непријателските воени бродови и да ги прелетаат, а потоа да ја срамнат со земја нивната татковина и да ги принуди да се потчинат.

Северски претпоставил дека со зголемувањето на радиусот на движење на авионот ќе се намалува подрачјето на дејствување на морнарицата, сè дури на крајот потполно не исчезнат. „Никакви копнени или поморски операции не се можни онаму каде што има контрола на воздушниот простор во непријателските раце“, велел тој.

САД поседувале неколку носачи на авиони чија задача била да ја штитат воената морнарица од непријателските авиони. Северски на тој факт се спротивставувал со контрааргумент за тоа дека авионите со копнено базирање се подобри од палубните.

Военото воздухопловство како посебна структура

Военото воздухопловство тогаш било под контрола на армијата, што рускиот пилот остро го критикувал. Главниот штаб на военото воздухопловство имал улога на оперативна или на борбена единица, додека армијата на САД ги контролирала сите важни елементи на обуката, на финансирањето и на набавката.

Руско-американските пионери на авијацијата: мајор Александар Николаевич Прокофјев Северски (1894-1974) со макета на авион со два трупа, околу 1935 година.

Северски бил убеден дека военото воздухопловство не може да го надмине тој „организациски кошмар“ и нормално да се развива дури не стане посебна структура со сопствена команда. Бил уверен дека во тоа време со авијацијата командувле пред сè кадри од копнената армија, па дури потоа пилоти.

Во таква ситуација Воената морнарица на САД во текот на триесеттите години од минатиот век била на дното на ранг-листата по приоритетите и по финансирањата. Вистинско чудо што бил реализиран проектот Боинг В-17 „Летачка тврдина“ за кој набрзо излезе дека е од витално значење.

Александар Северски сметал дека независната команда и посебниот буџет ќе му дадат на военото воздухопловство можност за реализација толку важни и перспективни проекти како што е бомбардерот Douglas XB-19. „Ако дозволиме да преовладува копнениот начин на размислување на армијата и морнарицата, ќе излезе дека сме фатално хендикепирани губитници во борбата за доминација во воздухот, од која ќе мораме да излеземе како победници“.

Пророк

Многу команданти на армијата и на морнарицата го мразеле Северски и велеле дека е умоболен. Но, настаните од почетокот на Втората светска војна потврдиле дека многу негови идеи се исправни. Битките за Норвешка (1940), за Денкерк (1940), за Велика Британија (1940) и за Крит (1941) покажале дека во современите конфликти авијацијата има решавачка улога.

Портрет на Александар П. Де Северски, американски пилот и пронаоѓач роден во Русија. Северски гледа зад себе во кабината на британскиот ловец Havilland Vampire, Англија, 1944 година.

Потоа следувал 7 декември 1941 година. Американското општеството било вознемирено кога јапонската авијација во нападот на Перл Харбор потопил шест воени бродови и два разорувачи, и сериозно оштетил уште девет пловила, вклучувајќи три крстосувачи и три воени бродови. Со тоа станала очигледна ранливоста на воените бродови во добро координиран и речиси незадржлив воздушен напад.

По ова јавноста обрнала поголемо внимание на статиите на Северски. Неговите анализи на воздушната војна, како и прогнозите за тактичкиот, стратешкиот и техничкиот развод, му донеле репутација и кредибилитет.

Особено станал популарен неговиот текст „Победа со помош на авијацијата“, објавен во април 1942 година. Набргу потоа на Александар му се јавил човекот кој на целиот цвет му го свртел вниманието на зборовите на рускиот пилот.

Соработката со Дизни

Волт Дизни му се јавил на Северски за да му каже како е „зашеметен од логиката на книгата“. „Тој ја прочитал мојата книга. Таа се однесуваше на иднината, а тој сакаше да направи анимиран приказ на настаните кои допрва претстојат и кои ќе доведат до победа „во војната“, се сеќава Александар.

Волт Дизни во Сан Франциско, 24 февруари 1941 година.

Бил потпишан договор, а потоа започнала работата над анимираната верзија на филмот „Победа со помош на авијацијата“. Тоа е анимирана приказна за историјата на авијацијата и демонстрација на потребите за нејзин понатамошен развој комбинирана со документарни фрагменти. Во нив Северски лично нагласувал колку е важно САД да го контролираат небото, да развиваат офанзивна авијација и да формираат единствена команда на Американското воено воздухопловство.

„Работевме во неговото студио во Бербанк и во мојот бунгалов во хотелот 'Беверли Хилс', понекогаш во ресторани, а понекогаш на пат до студиото и назад“, напишал подоцна Александар. Дизни ангажирал дури и стручњак за дикција кој го исправал говорот на Северски и го отстранувал силниот руски акцент.

Филмот станал мошне популарен. Го имаа гледано милиони луѓе. Черчил и Рузвелт го одгледале двапати, а потоа по трети пат го прикажале на Обединетиот комитет на началникот на штабовите на вооружените сили на САД. Рузвелт бил импресиониран од коментарите на Северски и бил воодушевен од анимацијата на Дизни во која е прикажано како авионите ги разбиваат воените бродови на парампарче.

Како што напишал биографот на рускиот пилот Џејмс К. Либи во книгата „Александар П. Северски и тежнеењето за воздушната моќ“, овој филм ги убедил сојузничките лидери дека конечниот датум на она што стана познато како „Операција Оверлоуд“ ќе зависи од располагањето со воздушните сили кои се доволни за заштита на бродовите и на нивниот скапоцен товар во вид на војници и опрема за време на преминувањето преку Ал Мануш.

Така 8.000 авиони послужиле како непробоен штит за време на истоварувањето во Нормандија. Покрај тоа, над 5.000 авиони биле подготвени во секој момент да стапат во борба. Луфтвафе бил целосно поразен.

Американската супериорност во воздухот

Александар Северски не бил иницијатор на идејата за глобална воздушна моќ и за доминација на военото воздухопловство над копнените сили, како ни на идејата за возвратен масовен воздушен напад, но тој во голема мера сето тоа ѝ го објаснил на јавноста.

Александар Северски, познат пилот, конструктор на авиони и автор на многубројни статии на вечера во Клубот на истражувачи во хотелот Валдорф Асторија, Њујорк, 1986 година.

Филип С. Мајлингер во делото „Патиштата небесни. Еволуција на теоријата на авијацијата“ тврди дека Александар Северски во текот на Втората светска војна во САД бил еден од најпознатите и најпопуларни луѓе кои се занимавале со авијацијата. Авијацијата била негова страст, а неговата мисија се состоела во тоа да го убеди американскиот народ за револуционерните промени кои на војувањето му ги дава авијацијата како негов главен и решавачки фактор.

По војната Александар Северски како специјален советник на Министерството за војна на САД ја посетил Јапонија и разговарал со јапонскиот цар Хирохито. Тој му рекол дека го гледал филмот и дека бил длабоко загрижен поради претскажувањата поврзани за судбината на Јапонија поради ангажирањето на американската авијација.

Соништата на Александар Северски се оствариле. Американската авијација стана моќна сила во Втората светска војна. Военото воздухопловство во 1947 година конечно е формирано како посебна структура на вооружените сили на САД. Набргу потоа стана и најголемата и најмоќна воздухопловна сила во светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња