На 12 јули 1941 година во градот Красние Струги во Псковската област со помош на радиосигнал беа активирани три мини од по 250 килограми на растојание од 150 километри. Ова беше прв случај на борбена употреба на далечински активирани мини со радиосигнал.
Дмитриј Баљтерманц/МАММ / МДФ/russiainphoto.ruПрвата таква експлозија е предизвикана на 12 јули 1941 година во градот Струга Красна во Псковската област. Тогаш со помош на радиосигнал испратен од оддалеченост од 150 километри детонираа три мини тешки 250 километри. Загинаа стотина војници на германскиот 56 механизиран корпус.
На почетокот на Големата татковинска војна советските инженерски единици за специјални намени поседувале мини со тактичко и со стратешко дејство кои се активираат со помош на радиобранови. Тоа беа ФТД, Ф-10 и други сложени радиотехнички уреди. Експлозиите иницирани од големи оддалечености користени се од оној момент кога единиците на Хитлер влегоа во земјата. Ф-10 служеше како своевидна „запалка“ на фугасни мини кои се активираа преку радиоврска. Ова средство беше мошне ефикасно длабоко во непријателската заднина.
Советската радиомина Ф-10.
Началникот на гарнизонот во окупираниот Харков, генерал-мајор Георг фон Браун долго избирал куќа во која ќе престојува и ќе работи. На крајот избрал вила на улицата Ѕержински. Но, 54-годишниот генерал веднаш не се вселил во оваа куќа. Најпрво наредил таа детално да биде проверена. Минерите во подрумот нашле огромна мина, но не знаеле дека под неа е скриена друга чиј детонатор се активира со помош на радиоврска.
Командирот на минерскиот баталјон му рапортирал на генералот дека вилата во центарот на Харков е безбедна. Фон Браун истата вечер се вселил. Советските разузнавачи веднаш дознале за ова и ја известиле командата на Југозападниот фронт.
Генерал-мајорот во своето ново седиште одржувал советување кога на 14 ноември во 4 часот и 20 минути наутро одекнала силна експлозија. Уништена била вилата на улицата Ѕержински, а со неа и генералот Фон Браун и другите офицери.
Овие мини во Харков пред повлекувањето на советската армија ги поставила групата на полковникот Иљја Старинов, и тие го чекале својот момент. Кога дошло времето, мината била активирана со силен сигнал од радиостаницата во Воронеж.
По овој настан германските минери детално ги прегледувале сите објекти во кои престојувале германските чиновници и офицери. Во еден од нив нашле мина. Се обиделе да ја уништат, но не успеале. И дури тогаш ги откриле оштетените радиотехнички делови. Тогаш и претпоставиле дека мината се активира со помош на радиосигнал.
Црвената арија сè до летото 1943 година користела фугасни мини со детонатор кој се активира со помош на радиоврска. По паѓањето на нацистичките единици во Битката кај Курск започната е офанзива на сите фронтови, така што фугасните мини со „радиодетонатор“ повеќе не биле потребни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче