Ретки алкохолни пијалоци се изгубени 1917 година на пат за Санкт Петербург. Во екот на Првата светска војна, еден шведски брод се обидел да му достави на рускиот император 50 сандаци коњак и 15 сандаци ликер, но наишол на германска подморница во близина на Оландските острови. Бидејќи се сметало дека се работи за шверц на алкохол, командантот на подморницата одлучил да го потопи бродот, а да го префрли екипажот на друго пловило, наведува The Local.
Коњакот и ликерот првиот пат беа откриени во остатоците од бродот во 1999 година, но тогаш не беше можно да се стигне до нив човек можеше сериозно да се повреди во остатоците од бродот. Сега организациите Deepsea Worker и Ocean X го извлекоа алкохолот од остатоците користејќи далечински управувани подводни роботи.
Тимот нуркачи изнесе на површината 600 шишиња коњак De Haartman & Co и 300 шишиња ликер Benedictine. Претставниците на организацијата Ocean X ќе испратат неколку шишиња во Русија и Шведска за анализа, а остатокот најверојатно ќе го продадат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче