Како постариот наредник Кисљаков издржал напад од стотина Германци

Василиј Кисљаков

Василиј Кисљаков

снимак екрана, ТРК „Звезда“
Основната задача на германските јегерски единици била со брзи напади од северот на Финска да го заземе Мурманск кој бил клучен за Северниот фронт, а преку кој СССР добивал помош. Но, овој план го расипа хероизмот на советската морнаричка пешадија, „ѓаволот во морнарски блузи на риги“, како што ги нарекувале нацистите. Меѓу нив во првите месеци од војната се истакна постариот наредник Василиј Кисљаков.

Северниот фронт во Втората светска војна што го држела Црвената армија на границата со Финска според жестината на борбените дејствија бил спореден, но мошне важен поради една работа – градот и пристаништето Мурманск.

Во текот на летото 1941 година советската морска пешадија извела повеќе десанти во заднината на непријателот. Целта на еден ваков десант на 17 јули во Мотовскиот залив била да се одвлечат главните германски сили кои се наоѓале на неколку десетина километри од Мурманск. Пред излегувањето на главните десантни сили во предницата оделе одреди доброволци кои требало да ги ликвидираат првите положби на Германците и да го исчистат теренот за десант, по што требало да дојде до излегување на баталјони на морнаричката пешадија и до понатамошно развивање на мостобрани. Со еден таков одред со десет луѓе командувал искусниот постар наредник Василиј Кисљаков. Самиот десант минал без голема загуба на луѓе, но германската крајбрежна артилерија го потопила бродот со основните средства за поддршка, така што целиот десант го штител еден полски топ од 76 милиметри и три минофрлачи. Одредот на Василиј одел пред основните сили на десантот, а целта била да се заземе „безимениот вис“ и да се задржи.

Соочени со советските сили Германците формирале комбинирана борбена единица составена од јегери кои биле главно родум од Австрија. Тоа беа единици кои беа специјално тренирани во Норвешка за брз пешадиски пробој до Мурманск. Тие добија задача да го потиснат советскиот десант во море. Безимениот вис стана клуч на битката. Германците отворија урагански оган по што беа ранети тројца борци од групата на Василиј. По половина час борба уште двајца беа тешко ранети. Тогаш Кисљаков се решил на ризичен потег. Останатите борци заедно со ранетите беа испратени во заднина, додека Василиј останал сам на висот. Било наредено да ги извлечат ранетите и да повикаат зајакнување.

Василиј Кисљаков имал неколку уредени положби и кога Германците тргнале повторно во напад тој се преместил од еден на друг, како на тој вис да се наоѓа вод или чета. Германците се приближувале внимателно, барајќи слабо место во одбраната, без да помислат дека висот го држи само еден човек. Борбата со паузи траела неколку часови. Откако сфатил дека повеќе нема муниција и дека му останале само неколку гранати, Василиј решил да блефира. Се кренал, фрлил граната и дал команда: вод, напред! Германците кои се наоѓале само 20 метри пред ровот од страв избегале, а некои од нив ги оставиле оружјето и муницијата, по што Василиј ги собрал и повторно се вратил во ровот.

Сепак времето минувало и се потрошила и муницијата што Кисљаков ја запленил од Германците. Последната граната ја оставил за крај, за последниот напад. Зајакнувањето стасало по седум часа борба. Црвеноармејците го слушнале последниот извик на Василиј „за татковината“, и потрчале напомош. Германците се повлекле. Висот е задржан.

Василиј Кисљаков

Подвигот на Василиј Кисљаков набргу се прочул, тој станал вистински херој на СССР на Северниот фронт. Унапреден е во офицерски чин и останал на служба во армија. Тоа не бил последниот негов подвиг. Кон крајот на ноември 1941 година неговата единица добила задача да го заземе висот 314 на патот Мурманск-Липецк. Важност на овој вил бил сличен како и Мамаевиот Курган во битката за Сталинград. Кисљаков решил да удри на висот од неочекувана страна, преку замрзнатото езеро. Ризичниот потег се исплател и советските војници ги избегнаа главните огнени точки кои беа подготвени на челен удар. Откако брзо си дошле на себе по поразот, Германците почнаа да дејствуваат по висот со минофрлачи. Во моментот додека ја кревал четата во напад Василиј е погоден со повеќе шрапнели. Како што се видело подоцна во болницата, животот му го спасила ѕвездата за херој на Советскиот Сојуз која неодамна ја добил: орденот го запрел шрапнелот пред самото срце.

Херојот од Втората светска војна Василиј Кисљаков почина во 1990 година на 74-годишна возраст.

Прочитајте исто така: Како еден советски морнар зароби 5.000 Јапонци

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња